25 Април, 2024
0.0281

Каде Гајур Кадиу пазари „бела линија“?

Објавено во: Економија 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

„Македонијапат“ на тендер со една понуда купи материјали за белата линија за одбележување на државни патишта и за тоа ќе плати 960.000 евра. Една иста фирма „Крафтинг ГРУП“ од 2015 година до сега (пет години) во шест наврати продаде исти материјали за белата линија во вкупна вредност од 3,44 милиони евра. Вчера премиерот Зоран Заев го разрешни Кадриу кој од 2014 година ја води „Македонијапат“

Скопската фирма „Крафтинг Груп“ е специјалист за набавка на материјали со кои „Македонијапат“ ги црта белите линии на нашите регионални патишта и на автопатите. Најновиот договор што го склучи Гајур КАдриу, генералниот директор на „Македонијапат“ со „Крафтинг ГРУП“ вреди 960.000 евра, а на тендерот имало само една понуда!

За тие 960.000 евра (со вклучен ДДВ) „Македонијапат“ ќе набави 173 тони бела боја, 35 тони разредувач и 55 тони перла. Во споредба со тендерот лани годинава „Македонијапат“ набави речиси двојно поголеми количества од материјалите кои и се потребни за цртање на белите линии по нашите државни патишта. ЛаниМакедонијапат“ плати половина милион евра за набавка на материјал за тенкослојна ознака на коловоз односно бела боја, перла и разредувач со кои се одбележува белата линија на магистралните и регионалните патишта низ земјава за чие одржување е задолжена „Македонијапат“. На тендер „Македонијапат“ набави 106 тони бела боја, 17 тони разредувач и 31 тон перла

Колку пари зема „Крафтинг Груп“ од „Македонијапат“?

Оваа скопска фирма е шампион за добивање тендери од „Македонијапат“. Од 2015 година до сега во шест наврати во пет години добил тендери вредни 3,44 милиони евра. Од тоа најголем е тендерот добиен годинава. Во 2016 година доделени и се два тендери вредни вкупно 664.000 евра. Во 2015 година и во 2018 година вредностите се идентични и изнесуваат 570.000 евра, а во 2017 година вредноста изнесува 576.000 евра. 

Што работи „Македонијапат“?

Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта  "Македонијапат" има повеќе работни задачи и обврски, меѓу кои позначајни се: редовно и зимско одржување на магистралните и регионалните патишта, проектирање на помали објекти на патиштата, асфалтирање на помали делници и крпење на ударни дупки, проектирање, изработка и поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, заштита на патишта, автоматско и рачно броење на сообраќајот, катастар на патишта и мостови, информативна служба за состојбата на патиштата и друго. Јавното претпријатие одржува повеќе од 4.400 километри патишта ширум Македонија. Според тоа што го пишува на веб страницата на „Македонијапат“ претпријатието одржува 294 километри автопат и уште над 1.100 километри регионални и магистрални патишта. Фирмата е организирана во пет подружници: Автопат, Скопје, Велес, Битола и Штип. Најмногу километри одржува подружницата „Битола“ – 1.300 и тоа на делниците: Плетвар, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид и Струга. Подружница Скопје ги одржува делниците: Дебар, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово и Крива Паланка во должина од 1.149 километри. Подружница Штип одржува 1.011 километри и тоа на делниците: Кратово, Штип и Струмица. Подружница Велес одржува 662 километри на делницата Велес – Гевгелија.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра