Каде ќе ја одлежи казната затвор Радован Kaраџиќ?
Објавено во: Балкан 21 Март, 2019
Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, откако вчера е осуден на доживотен затвор, својот живот ќе го заврши во еден од затворите од 14 земји на Европа.
Со толку од нив, трибуналот во Хаг наследи потпишани договори за прием на лица кои се правосилно осудени.
Портпаролката на Механизмот за меѓународни кривични судови Хелена Еглстон за N1 телевизија објаснува како ќе биде одредена локацијата каде Радован Караџиќ ќе треба да ја служи доживотната казна која беше потврдена вчера.
Еглстон вели дека за ваков вид на казна постои посебна процедура која најверојатно ќе потрае.
Таа вели дека постои можност за привремено пуштање на слобода на Радован Караџиќ.
Италија е прва држава која му ги понуди своите затвори за сместување осуденици на трибуналот за воени злосторства сторени на територија на екс Југославија. Во нејзините затвори се наоѓаат пет злосторници.
Во Финска казната ја отслужуваат седум осудени, додека во Германија, Норвешка и во Австрија по шест. Во Шпанија има петмина осуденици, а во Португалија само еден. Франција, Холандија и Шведска во своите затвори примија по четворица воени злосторници, додека Естонија и Велика Британија имаат по тројца.
Двајца од осудените воени злосторници своите казни ги издржуваат во Полска.