Каде ќе се вложат 45 милиони евра од концесионерот на аеродромот во Скопје?
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2018
Инвестиција од 45 милиони евра од концесионерот на аеродромот во Скопје, ТАВ, пари кои ќе бидат вложени во неколку значајни проекти.
Ова денес беше утврдено на средбата на премиерот Заев и министерот без ресор, Аднан Ќахил, кои се сретнаа со претставници на Групацијата ТАВ, главниот менаџер, Мустафа Сани Шенер, заменик менаџерот Серкан Каптан, генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој.
-Станува
збор за инвестиции во градинки, училишта, одводни и канализациски мрежи и
локални и регионални патишта, она што им е реално потребно на нашите граѓани.
И јас сум искрено задоволен што од оваа инвестиција директна полза ќе почувствуваат граѓаните на Република Македонија, кажа премиерот Заев.
Претставниците од ТАВ пак кажаа дека договорот со задоволство ќе го реализираат.