Каде му е местото на Ќосето?
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2018
Андон Ќосето (1854-1953), е херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата, порача Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил.
Поранешниот полициски генерал Ангелов истакна дека Ќосето заслужува да има споменик на некое репрезентативно место.
- За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневно-политички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ. Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред Судот. Ќосето не бил судија, ниту пак судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата. Затоа, споменик на Андон Ќосето треба да има, но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации“, реагира Ангелов на решението на град Скопје да го отстрани споменикот на Ќосето од пред зградата на Врховниот суд - додаде Ангелов.