29 Март, 2023
0.0237

Каде напредуваат Украинците и колку места ослободија?

Објавено во: Свет 04 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Се зголемуваат териториите под контрола на Украинците. Украина го направи најголемиот пробив на југот од почетокот на војната, брзо напредуваат и на исток.

Украина го направи најголемиот пробив на југот и ја скрши руската одбрана. Градот Дудчани, кој се наоѓа на околу 30 километри јужно од местото каде што беше фронтот, повторно е во рацете на украинските сили.  Украинските трупи успеаја да вратат неколку села долж реката Днепар, потврди лидерот назначен од Русија во областа. Вкупно 31 руски тенк се уништени при движењето на украинските сили кон југ, заедно со еден повеќекратен ракетен фрлач. Загрозени се и рутите за снабдување на руските војници. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека украинската армија освоила градови во голем број области, но не соопшти дополнителни детали. Зеленски вели дека Русија ќе сфати дека згрешила што ја почнала војната. Војната почна на 24 февруари. Русија имаше неколку клучни барања, денацификација на Украина, таа да остане воено неутрална и Доњецк и Луганск да бидат независни. Нема најава за преговори меѓу двете земји. Украина не сака да преговара додека претседател на Русија е Владимир Путин. 

Во Русија веќе има разочарување од резултатите на бојното поле. 

фото EPA

Можеби ќе ве интересира

Папата хоспитализиран поради проблеми со срцето

Папата хоспитализиран поради проблеми со срцето

Хамза Јусаф, првиот премиер муслиман на Шкотска, со молитва ја мина првата ноќ во кабинетот

Хамза Јусаф, првиот премиер муслиман на Шкотска, со молитва ја мина првата ноќ во кабинетот

Зеленски го покани претседателот на Кина на посета

Зеленски го покани претседателот на Кина на посета

КРИПТОКРАЛОТ ОСНОВАЛ ФИРМА ВО СРБИЈА ЗА 100 ДИНАРИ: Еве што сакал да работи на Балканот!

КРИПТОКРАЛОТ ОСНОВАЛ ФИРМА ВО СРБИЈА ЗА 100 ДИНАРИ: Еве што сакал да работи на Балканот!

ЛИКВИДИРАН ОД ОДМАЗДА - Пронајден мртов озлогласениот руски командант, има две верзии за неговата смрт

ЛИКВИДИРАН ОД ОДМАЗДА - Пронајден мртов озлогласениот руски командант, има две верзии за неговата смрт

РИЗИЧНА ГРУПА ЗА ДВАТА НАЈОПАСНИ КАНЦЕРИ: Проверете ја вашата крвна група

РИЗИЧНА ГРУПА ЗА ДВАТА НАЈОПАСНИ КАНЦЕРИ: Проверете ја вашата крвна група

ИМА СИЛНИ БОЛКИ И ЌЕ МУ ПРАВАТ ТЕСТОВИ - Силвио Берлускони примен во болница во Милано

ИМА СИЛНИ БОЛКИ И ЌЕ МУ ПРАВАТ ТЕСТОВИ - Силвио Берлускони примен во болница во Милано

НЕ КАЖА КОЈА Е ТАА ДРЖАВА: Зеленски се пожали дека некоја европска земја им пратила систем за воздушна одбрана, но тој не работел

НЕ КАЖА КОЈА Е ТАА ДРЖАВА: Зеленски се пожали дека некоја европска земја им пратила систем за воздушна одбрана, но тој не работел

АКТИВИРАНИ ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ: Руските стратешки ракетни сили започнаа вежби

АКТИВИРАНИ ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ: Руските стратешки ракетни сили започнаа вежби