26 Октомври, 2020
0.0193

Каде потфрли здравствениот систем во Македонија: Се чека анализата од клиниките за високата смртност од ковид

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2020

Во текот на следнава недела здравствените власти најавија дека ќе ја објават анализата за високата смртност од корона вирусот во Македонија. Со 712 починати од почетокот на епидемијата, земјава е на врвот по процентот на смртност од останатите земји во регионот. Иако податоците покажуваат дека во Бугарија има 779, во Босна 802, како и во Србија 745 случаи, што е повеќе од кај нас, сепак тоа се земји со многу повеќе население, па и стапката на смртност е далеку пониска од онаа кај нас. Од почетокот на епидемијата во земјава бројот на заразени достигна точно 17.200, па процентот на смртност во Македонија во моментов изнесува 4,14 отсто.

Каде потфрли Македонија е прашањето кое го поставува јавноста, а додека нема конкретни податоци од клиниките и од болниците каде се лекуваат пациентите болни од корона вирусот, здравствените власти велат дека постојат повеќе причини.

Според матичните лекари, проблемот е и во алгоритмот за тестирање. Велат дека и покрај тоа што имале пациенти кои наведувале симптоми на болеста, не успевале навреме да им закажат тестирања, па здравствената состојба кај дел од нив се компликувала до степен кога веќе е предоцна да се спаси живот.

-Ние сме во постојана комуникација со нашите пациенти. До скоро тоа беше само по телефон, но пациентите не известуваа дури и за најмала промена на нивната клиничка слика. Сепак имаше случаи кои не ги исполнуваа критериумите во алгоритмот за тестирање, а подоцна беше констатирано дека се позитивни на вирусот, велат матичните лекари со кои разговараше Фактор.

Истовремено, директорот на Центарот за јавно здравје, епидемиологот Александар Стојанов вели дека една од причините е и тоа што во екот на епидемијата, голем дел од болните криеја дека се инфицирани, па по долго лекување во домашни услови, во најтешка состојба бараа помош во болниците.

-За ова дефинитивно треба да проговорат клиничарите. Но, она што јас со сигурност можам да ви го потврдам дека сите пациенти кои беа хоспитализирани и кои се уште се примаат на лекување во болниците беа третирани според сите протоколи за лечење од корона вирусот. Како проблем би можел да го издвојам тоа што во болничките установи нема одделенија за интензивна нега. Има само на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“, заради што и најголемиот број пациенти се носеа токму таму. А и самиот транспорт претставува дополнителен ризик. Ист така можам да кажам дека најмала смртност има во земјите кои имаат силни здравствени системи, но тоа се држави со децении наназад вложуваат во сите здравствени капацитети. Ние чекаме донации, за жал од донациите не може да се изгради јак здравствен систем. Освен Германија која е далеку пред нас, како пример би ја издвоил и Словенија. По распадот на Југославија, Словенија почна да издвојува 5 отсто за здравствениот систем, кај нас само 2 осто, па не нормално е да немаме силен здравствен систем, вели д-р. Стојанов за Фактор.

Анализата за смртноста која треба да биде објавена во текот на наредната недела, како што најави и министерот за здравство, Венко Филипче, ќе содржи детални податоци за возраста, за коморбидитетите на починатите пациенти, за тоа кога се јавиле во болница, односно дали побарале помош кога е предоцна...

Инаку, за сега ќе остане запаметен 2 јули, кога во Македонија беше регистриран највисокиот број на починати, односно имавме 15 смртни случаи од Ковид-19. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Шкариќ: Уставот не предвидува дека седниците се одржуваат во пленарната сала

Шкариќ: Уставот не предвидува дека седниците се одржуваат во пленарната сала

Рекордни 22 починати од Ковид-19 за еден ден во Македонија

Рекордни 22 починати од Ковид-19 за еден ден во Македонија

Европратеникот Ковачев: Наместо „бугарскиот окупатор“, да пишува „бугарска администрација“

Европратеникот Ковачев: Наместо „бугарскиот окупатор“, да пишува „бугарска администрација“

Наќе Чулев со повик до граѓаните да го поддржат протестот на полицискиот синдикат во вторник

Наќе Чулев со повик до граѓаните да го поддржат протестот на полицискиот синдикат во вторник

Главната кичевска црква ќе инсталира видео-надзор против крадци на пари

Главната кичевска црква ќе инсталира видео-надзор против крадци на пари

Алијана за Албанците и Алтернатива предлагаат анкетна комисија за работата на Комисијата за инфективни болести

Алијана за Албанците и Алтернатива предлагаат анкетна комисија за работата на Комисијата за инфективни болести

Три пациентки починаа на Инфективно во Штип

Три пациентки починаа на Инфективно во Штип

Заев: Секој со еден мандат во ЦО ќе може да биде претседател на СДСМ

Заев: Секој со еден мандат во ЦО ќе може да биде претседател на СДСМ

Погребан Амди Бајрам во присуство на 300 лица

Погребан Амди Бајрам во присуство на 300 лица