18 Април, 2024
0.0336

КАДЕ СЕ АНИСА И МЕЛИСА?! - Се уште се трага по тинејџерките, граѓаните преку социјалните мрежи бараат одговори

Објавено во: Македонија 31 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Се уште се трага по двете тинејџерки кои од вчера се пријавени за исчезнати од нивните родители. 

Втор ден нема ниту трага, ниту глас од 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелиса К. од Скопје по кои трага полицијата. 

Родителите се очајни. Апелираат преку социјалните мрежи доколку некој ги забележи девојките веднаш да ги исконтактира. 

Двата случаи вчера ги пријавиле татковците на девојчињата. Според информациите од МВР, 15-годишното девојче досега повеќепати го напуштала домот и била враќана назад.

– На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата – соопшти МВР.

Денеска „Макфакс“ објави дека таткото на 12 годишното девојче од скопската населба Гази Баба, Енгин Ајро посочил дека неговата ќерка Аниса Ајро последен пат била видена вчера утрото на паузата во училишниот ходник. Тоа на таткото му го раскажала нејзина другарка која последен пат ја видела на тоа место. Оттогаш на девојката и се губи секаква трага.

Тој самиот упатува повик преку медиумите и на социјалните мрежи секој кој поседува некоја информација да го контактира на телефонскиот број +389 72232 983.

„Таа е мирна и тивка, не сме се расправале. Од дома ја учиме и и укажуваме на сите опасности со кои може да се соочи“, раскажува Енгин.

Отфрла можност дека во прашање е момче со кое би можела да биде.

Изјави дека случајот е пријавен во полиција од каде очекуваат информации а дотогаш како што објаснува секоја информација би му била добредојдена.

Неговиот апел веќе на големо се споделува на социјалната мрежа Фејсбук, во која се вклучија голем број граѓани, со апел девојките побрзо да се најдат и да се вратат во нивните домови на безбедно.

Броевите на кои може да пријавите доколку ги забележите девојчињата се следниве:

071 349 628

072 232 983

070 262 871



Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше