Каде завршија 20 отсто акции на голема скопска кетеринг компанија?

Објавено во: Економија 17 Март, 2023
„Уготур“ поранешниот хранител на десетина илјади работници на скопска „Жeлезара“ сега фунцкионира како компанијата за подготовка на храна и популарен сервис – кетеринг. Лани ова друштво „се врати во живите“ и оствари профит од 406.000 евра или 3,3 пати повеќе од 2021 година. Најновиот сопственик на акции во таа фирма за неполни три месеци купените 20 отсто акции ги трансферираше во непаричен влог во неговата штипска компјутерска фирма „ХЕД КОМ СЕ“
Не мирува сопственичката структура на „Уготур“! Повторно промена, официјално објавена и потврдена и на информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност.
Имено кон крајот на февруари 19,74 отсто од акциите со право на глас во големата скопска компанија за кетеринг и приготвување на храна „Уготур“ променија сопственост иако остана во ист посед.
„Уготур“ на берза објави дека има промена во сопственичката структура и дека Александар Михајлов повеќе не е сопственик на 19,74 отсто од акциите со право на глас во „Уготур“. Станува збор за нетрговски трансфер што значи дека нема продажба. Токму начинот на промена на сопственост не наведе да ја пребараме веб страницата на Централниот регистар од каде добивме информации за судбината на акциите на „Уготур“.
Што се случи?
Александар Михајлов од Штип повеќе не е сопственик на акциите во скопски „Уготур“. По неполни два месеци повторно промена на сопственост за тие 19,74 отсто акции што пред крајот на 2022 година Александар Михајлов ги купи од Наташа Милева. На овие акции Милева заработи пристојна сума затоа што ги купи по цена од 7 денари за акција, а ги продаде по цена од 20 денари за акција. Повеќе за таа лукративна продажба може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/koj-zaraboti-300-otsto-od-prodazba-na-akcii-vo-skopska-ketering-kompanija
За овие акции (по единечна цена од 20 денари) Михајлов плати 55.000 евра. На 23 февруари Централниот регистар објави дека Михајлов сите овие акции ги внел како непаричен основачки влог во својата фирма „ХЕД КОМ СЕ“ ДООЕЛ од Штип.
Основната главнина на оваа фирма се состои од 5.000 евра паричен влог и од 55.520 евра непаричен влог -всушност 19,74 отсто од сите акции со право на глас во „Уготур“. Потврда за ова е достапна и на следниот линк https://crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/objavi-na-upisi-za-subjekti?s=%D1%85%D0%B5%D0%B4%25%D0%BA%D0%BE%D0%BC&id=35020230003674&p=1
Колку вреди акцијата на „Уготур“?
Реално и пазарно цената на секоја акција се утврдува преку балансот меѓу понудата и побарувачката. Последната цена што инвеститор ја платил за акцијата на „Уготур“ е 20 денари и тоа е Александар Михајлов. Последната трансакција се случила на 23 декември лани. Книговодствено секоја акција со право на глас во „Уготур“ вреди 74 денари што е 3,7 пати повеќе од цената што и ја утврдила „невидливата рака на пазарот креирана од понудата и побарувачката“.
Минатата година за „Уготур“ беше многу подобра од претходната. Вкупните приходи лани се 4,8 милиони евра и се за нијанса повисоки од претходната година. Но кај нето добивката има очигледно подобрување. За лани таа изнесува 406.000 евра и е за 3,3 пати повисока во споредба со претходната 2021 година.
Најголеми акционери во „Уготур“ се: брокерската куќа на „Фершпед“ со 19,9 отсто од акциите, штипски „ХЕД КОМ СЕ“ со 19,7 отсто и Никола Камчев со 11,8 отсто од правата на глас. Во сопствен откуп компанијата има 10 отсто акции.
Р.Ф.foto freepik.com/ruslan_shramko
Можеби ќе ве интересира
ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

Расте цената на златото, допрва ќе има побарувачка

Угостител од Истра не може да најде готвачи и келнери, платите се до 2.000 евра

КОГА НАЈАВА ЗА ОТКАЗ ДОБИВАШ ПРЕКУ ПОРАКА - првиот човек на „Амазон“ најави уште 9.000 отпуштања

КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот

ГЛАВЕН ДОБАВУВАЧ НА НАФТА ВО КИНА: Не е Саудиска Арабија, туку Русија

АД Железници го доби осмиот директор за пет години
