29 Март, 2024
0.0262

Како акцијата на „Стопанска банка Битола“ сврте 900.000 евра за 2 дена?

Објавено во: Економија 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Во три блок трансакции во 2 дена беа истргувани над 7 отсто од акциите со право на глас во битолска „Стопанска банка“

Акцијата на „Стопанска банка Битола“ во последниве неколку дена е со значаен обем на тргување. Во два дена беа истргувани над 7 отсто од акциите со право на глас во „Стопанска банка Битола“ и во тие трансакции беа свртени 54,1 милиони денари односно 900.000 евра. Истргувани се вкупно 28.896 акции со право на глас од кои 15.966 акции во понеделникот, а во вторникот уште 12.930 акции. Во понеделникот беа тргувани акциите по цена од 1.850 денари за акција, а во вторникот по цена од 1.901 денар за акција.

Овие трансакции го разбудија интересот на инвеститорската заедница за оваа банка која лани одбележа значајно подобрување на своите резултати во однос на претходната година. 
Според расположливите јавни и официјални податоци најголем поединечен акционер е компанијата „Пелистерка“ од Скопје која поседува 17 отсто од акциите со право на глас. Освен „Пелистерка“ во „Стопанска банка Битола“ акциите имаат уште 134 правни лица кои поседуваат нешто повеќе од 33 отсто од акциите. Уште 945 домашни физички лица поседуваат 46,4 отсто од акциите со право на глас. Вкупно 75 странски физички и правни лица заедно поседуваат 3,4 отсто од управувачките права.

Како лани изработи„Стопанска банка Битола“?

Вкупните приходи од камати лани изнесуваат 460,26 милиони денари и во споредба со 2016 година се поголеми за 26 милиони денари. Паралелно со нив растат и расходите за камати и тоа за 9 милиони денари што довело до нето приходи од камати на износ од 316 милиони денари кои се за 19 милиони денари повисоки од 2016 година. Раст е забележлив и кај втората по големина приходна ставка односно надоместоците и провизиите. Нето резултатот за лани е 98,8 милиони денари што е за речиси 10 отсто подобро остварување од 2016 година. И кај двете најголеми и најзначајни приходни ставки банката го подобрило лани своето работење за 28 милиони денари. Кај останатите приходи од дејноста банката лани има за 22 отсто послаб резултат односно за 12,7 милиони денари.

Значајно е дека лани резервациите се помали за 9,4 милиони денари во однос на 2016 година, што е позитивен резултат особено ако се има предвид дека е зголемено кредитирањето. Особено значајно е и намалувањето на загубата заради оштетување на нефинансиски средства лани во однос на 2016 година. Лани за таа намена трошокот на банката бил 2,9 милиони денари, а во 2016 година бил 13,5 милиони денари. Од другите трошоци единствени со значаен раст се останатите расходи од дејноста кои достигнале 184,1 милиони денари, а во 2016 година биле помали за 22 милиони денари.

Банката лани го зголемила нивото на кредитирање за 10 милиони евра односно за 632 милиони денари достигнувајќи ниво од 6,73 милијарди денари.Истовремено банката ги зголемила своите вложувања во хартии од вредност за 143 милиони денари до ниво од 296,9 милиони денари. Лани депозитната база расте и до крај на годината достигнува ниво од 8,17 милијарди денари што е раст за 475 милиони денари до однос на 2016 година.

„Стопанска банка Битола“ лани оствари добивка од 43 милиони денари што претставува профит од 110 денари по акција. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?