Kако Брисел го коментира „Рекет“?
Објавено во: Македонија 22 Август, 2019
Не ги коментираме истрагите кои се во тек, велат од Европската комисија откако специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева синоќа доби притвор од 30 дена за случајот „Рекет“.
„Важно е да се продолжи борбата со криминалот на високо ниво и да се воспостави правна одговорност за било каков криминал. Ситуацијата е многу комплексна и чекаме да добиеме јасна слика и повеќе информации па да излеземе со свој став“, велат од ЕК.
Порачаа дека очекуваат целосна истрага околу целиот случај и по добивањето јасна слика, ќе излезат со коментар.
Работата на СЈО, борбата против корупцијата и организираниот криминал се клучните услови за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ во октомври.