24 Април, 2024
0.0279

Како да летувате поевтино и поопуштено?

Објавено во: Економија 06 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Ако во минатите години Македонците традиционално заминуваа на годишен одмор во јули и август, во последно време се почесто уплаќаат аранжмани за јуни или септември бидејќи во овој период од годината цените се пониски од 30 до 50 отсто во зависност од дестинацијата. Така, за септември агенциите нудат седумдневен престој во познатите туристички места на Егејското Море од 150 до 200 евра, пакет- аранжманите за Турција, Шпанија, Италија се намалени од 700 на 500 евра, а во Албанија за 100 евра може да се добие десетдневно сместување во солиден хотел.

Септемврискиот одмор не носи само заштеда на цената на аранжманот, туку вообичаено се е поевтино во местата за летување, како лежалките на плажа, изнајмувањето реквизити, бродски тури, пијалоци и јадење во ресторани, бродски тури и слично.

- Во последниве години се поприсутен е трендот на продолжување на летната сезона. Се повеќе луѓе го планираат главниот одмор во септември, бидејќи не само што сакаат да ги искористат поволните цени, туку и пријатното и топло време во овој период кога сонцето не е толку силно. Аранжманите за септември се бараат со речиси поеднаков интерес како и тие за јули или август. Нашите клиенти веќе се научија дека ако го испланираат и резервираат летниот одмор порано, тогаш можат да добијат и соодветен попуст. Затоа, голем дел од аранжманите за септември беа продадени веднаш, уште лани во декември кога за прв пат ја претставивме овогодишната понуда- велат во една туристичка агенција.

Туристичките работници тријат раце и со намалени цени на пакет- аранжманите ги чекаат оние што сакаат да ги избегнат гужвите и да имаат малку поопуштен одмор. Според нив, во прилог на туристите се и климатските услови, кои во овој период од годината се одлични за добар одмор. Времето е топло не толку како во јули или август, а деновите и натаму се долги и сончеви, но вечерите се посвежи и попријатни за спиење.

Во агенциите велат дека септемвриските цени кај нив се до 30 отсто пониски од тие за јули и август. Поради тоа има голем интерес од клиенти што се распрашуваат, но и веднаш уплаќаат.

- Септември е особено интересен месец за туристите. Цените се пониски отколку во врвната сезона, а временските услови се уште се одлични и овозможуваат да се помине убав одмор. Во ова време, исто како во јули и август, актуелни се аранжманите за Грција- велат туристичките агенти.

Пријатните септемвриски денови ќе натераат многумина кои веќе биле на летување да испланираат уште еден одмор во есенските денови, а туристичките агенции за сите нив подготвија атрактивни понуди. Најчесто станува збор за продолжени викенд- аранжмани или за понуда врзана за државниот празник 8 Септември.

- Во овој период од годината, по летните одмори и започнувањето на училишната година, посебно се интересни викенд- патувањата. Најчесто се бараат поблиски локации, повторно најпродавани се аранжманите за Грција, и тоа претежно за хотелско сместување, но голем интерес има и за одморалиштата во Бугарија. на клиентите им нудиме и европски дестинации, како Париз, Рим и други метрополи- велат во една скопска агенција.

М.Б.

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата