29 Ноември, 2024
0.1177

Како да се стане успешен истражувачки новинар - Школата за новинари на ПроКредит Банка гостуваше на Правниот факултет

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Во рамки на платформата „Школа за новинари“ на ПроКредит Банка, група студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје вчера имаа можност да се сретнат со новинарката и главна уредничка на неделникот „Фокус“, Ирена Мулачка. Настанот, кој се одржа со поддршка од професорката на правните и новинарските студии - д-р Јасна Бачовска Недиќ, беше фокусиран на темата за истражувачко новинарство.

Во оваа прилика Мулачка со студентите сподели искуства, предизвици и реални приказни од нејзиното 17-годишно професионално искуство, како и детали за начинот на работа кој за неа донесе осум значајни награди и признанија за истражувачко новинарство.

„Новинарот мора да биде упорен, да вложува во своето знаење и да гради лична доверба и со своите колеги и со соговорниците. Ако се придржувате до принципите на интегритет и кредибилитет, вашиот труд ќе биде забележан,“ рече Мулачка.

Таа истакна дека личниот контакт е од суштинско значење за одржување на професионалните односи. „Ако ја изгубите довербата кај луѓето, никогаш повеќе нема да добиете информација што е клучна за вашето истражување,“ предупреди таа.

Настанот беше збогатен со лични примери од нејзината кариера, кои покажаа како истражувачкото новинарство може да придонесе за позитивни промени во општеството. Мулачка ги мотивираше студентите да бидат креативни, истрајни и отворени за континуирано учење. „За мене новинарството е една од најубавите и најкреативните професии. Ако навистина ја сакате, не само што ќе уживате во работата, туку и ќе имате можност да дадете свој придонес за менување на светот,“ заврши таа.

Професорката Бачовска Недиќ истакна дека оваа средба е од особена важност за студентите кои покажуваат интерес во сферата на комуникациите и новинарството. „Овие студенти се посебни, амбициозни и со јасна визија за својата иднина. Горди сме што можеме да им понудиме вакви инспиративни настани, со надеж дека ќе бидеме сведоци на остварувањето на нивните професионални цели“ додаде таа.

Од ПроКредит Банка потврдија дека продолжуваат со иницијативи за поддршка на новинарството, како и поддршка на младите и нивниот професионален развој со цел придонес кон позитивни промени за целото општество.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОСИГУРАЈ ГО ДОМОТ ЗА НУЛА ДЕНАРИ! „ФЛЕКС БРОКЕР“, НОВ СЕРИОЗЕН ИГРАЧ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР

ОСИГУРАЈ ГО ДОМОТ ЗА НУЛА ДЕНАРИ! „ФЛЕКС БРОКЕР“, НОВ СЕРИОЗЕН ИГРАЧ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР

Од 2 до 4 декември три настани за вработување во Словенија

Од 2 до 4 декември три настани за вработување во Словенија

Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника Жан Митрев

Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника Жан Митрев

Ексклузивната соработка на Триглав Осигурување Живот и ТТК Банка продолжена со нов договор за стратешко партнерство

Ексклузивната соработка на Триглав Осигурување Живот и ТТК Банка продолжена со нов договор за стратешко партнерство

Илина Мангова: Сликовницата „Градоначалник“ ги учи децата на одговорност

Илина Мангова: Сликовницата „Градоначалник“ ги учи децата на одговорност

Понуда која не се пропушта – 50 отсто роденденски попуст на најдобрата сателитска телевизија mSAT TV од МТЕЛ

Понуда која не се пропушта – 50 отсто роденденски попуст на најдобрата сателитска телевизија mSAT TV од МТЕЛ

Дали би ја донеле оваа одлука пред Нова година? Подобар избор може да ви го промени животот

Дали би ја донеле оваа одлука пред Нова година? Подобар избор може да ви го промени животот

Возобновени 19 мостови во Градски парк и реновиран Халк корнерот во Лептокарија

Возобновени 19 мостови во Градски парк и реновиран Халк корнерот во Лептокарија

Компанијата Зегин се стекна со уште едно признание за општествено одговорна компанија

Компанијата Зегин се стекна со уште едно признание за општествено одговорна компанија