28 Март, 2024
0.0276

Како Делчево стана Гевгелија на истокот: Што прават Бугарите секоја сабота во Македонија?

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Купуваат овошје и зеленчук, други прехранбени производи, но и овде ги средуваат забите, фризурите, седнуваат во кафеана. Сабота е ден кога Делчево станува претесено за жителите на бугарскиот град Благоевград, но и Софија. Како Гевгелија на југот, која ги пречекува Грците од северниот дел на Грција. Се наоѓаат на 15 километри оддалеченост и ако порано Македонците полнеле автомобили во Бугарија сега тоа е обратно. Практиката почнала од поодамна, но сега добива на интензитет.

Тезгите се поставени уште во 9 часот

„За нас е добро што нема европски стандарди и забрани. Луѓето тука не се богати, но и не се посиромашни од нас. Секогаш се насмеани и позитивно настроени. Има некакво спокојство и ние, Бугарите, чувствуваме тука носталгичност кон едно минато време“, ни раскажува Бојчо Стојанов од Благоевград, кој честопати доаѓа во Делчево.

Прво поминува низ зеленчуковата берза, а потоа седнува со пријателите да касне плескавица или стек во најпопуларната меѓу Бугарите  кафеана „Трла“. Таму соседите од Бугарија плаќаат и со левови.

Еден час подоцна станува претесно на пазарот

Паркингот кој е во близина на пазарот во Делчево е исполнет со автомобили со бугарски регистрации. Во очекување на Бугарите е и трговецот Стојче .

„Пред многу години купувавме сирење, кашкавал, и друга храна. Сега е обратно. Вие доаѓате кај нас. Сè уште доаѓаме во Бугарија на пазар, но за облека, за чевли. А вие сте кај  нас по  храна, бидејќи е подобра и поевтина. Со квалитет, никој не не компромитира. Сè што е вистинско, еколошко, без ѓубрива“, му вели Стојче на првиот бугарски муштерија. Зборовите му ги поддржува и Даниела од Струмица, која се грижи за 4 декари домати. Задоволна е дека го пласира производството, но тоа е затоа што е квалитетно

„Да дојдеш во Македонија и да не си купиш лубеница и кочански ориз, тоа е како да одиш во Париз а да не ја видиш Ајфеловата кула“ велат трговците кои им објаснуваат на соседите од Бугарија дека оризот што се одгледува во областа на Кочани е познат како најубав и највкусен на Балканот. Бугарите, кои со години го купуваат, исто така го фалат.

„Ако не се Бугарите, ние сме изгубени. Тие купуваат наши производи. Секоја сабота е полна со Бугари во Делчево. Многу производители и трговци од други македонски градови доаѓаат тука за да им ги продадат своите производи на Бугарите “, вели Златко Стојчев, земјоделец од Струмица. Продава лубеници за 60 стотинки за килограм, а дињите летово чинеа само 30 стотинки.

Но, најбарани во есента се пиперките. Бугарите купуваат со вреќи и велат дека се екстра- „ајвар и лутеница правиме само со македонски пиперки, овие увозните немаат вкус“ – ни рече една постара жена од Бугарија која со пријателките преку еден викенд е во Делчево.

Бугарите ги полнат и фризерските салонипоевтините пломби привлекуваат клиенти

За четири до пет лева можеш да си ја обоиш косата, велат помладите бугарски дами.

Се повеќе и повеќе Бугари практикуваат и стоматолошки прегледи во Делчево. Во саботниот ден стоматолошките ординации се отворени, а во фоајето чекаат честопати цели семејства.

"Немам идеја зошто Бугарите доаѓаат тука на забар. Колегите од Благоевград ни се лутат и не обвинуваат дека им ги земаме пациентите. Но ние не ги носиме луѓето тука насила. Тие сами доаѓаат", вели стоматолог која има завршено стоматологија во Софија и има двојно државјанство.

„Тука е поевтино, односот е убав, уште на вратата те пречекуваат и прегрнуваат. Редовно доаѓаме тука да си ги поправиме забите. Дури станавме семејни пријатели со докторката", признаваат бугарските граѓани.

На ручек па и вечера во кафеаните и ресторани

Сите локални кафани се преполни по 13 часот, масите се натоварени со секакви плодови од македонската кујна, а покрај саканите гости келнерите буквално летаат.

„Овој дел од саботата ми  е омилен, многу јадење,  убаво пиво и топол леб. Една човечка порција плескавица, салата, телешка чорба, пиво чини околу 10 лева“, раскажуваат задоволни и најадени Бугари.

„Две плескавици со богат гарнир - печена пиперка, помфрит, зелка, домати и краставици, големо шише минерална вода од литар и неколку парчиња тазе леб чинат не повеќе од 13 лева. Плескавицата е меѓу 3,00 и 3,20 лева, пилешкото бутче е 1,50 лева, свиски ребра се 4,20 лева, пилешки стек е 3,50 лева. Пастрмката со гарнир е под 5 лева, презла кашкавал е под 3,00 лева, пилешките крилца се речиси 4 лева. Свинска вешалица исто е поевтина од 4 лева, печени печурки се само 2 лева, сирењето на скара е 2,20 лева. 50 грама од познатата лозова ракија чини само 1,60 лева, малата домашна лозова излегува само 65 центи, што е исто и со домашната сливова ракија. Малата мастика е 1,60 лева, како и вотката и узото. Пивото е од 1.90 до 2.20 во зависност од брендот. Шише вино е од 6 лева до 17 лева. Евтини се салатите - Мешана е под 2 лева, шопска е 2,20 лева, грчката е исто 2,20 лева, голема овчарска салата е 5,10 лева, зелената салата е 1,60 лева, компирите и зелката се од Лев до 1 , 60 лева во зависност од тежината. Безолкохолното е 1,60 лева, познатата македонска газоза е 1,30 лева, литар минерална вода е 1,60 лева. Келнерите прифаќаат и бугарски железни парички“, вели Петра од Благоевград која кажува дека е чест гостин на кафеаната „Антика“.

Во сите места може да се купи и плати со левови. 


Ирена Ставрова

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење