20 Април, 2024
0.0290

Како до одржлив развој на македонските земјоделски компании?

Објавено во: Колумни 03 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Одржливиот развој претставува: продолжен повеќестран економски, социјален и еколошки процес. Тоа е концепција која се гради врз базата на одржлива форма на стопаснски активности, кои обезбедуваат повисоко ниво на развој на системот; човек-општество-природа. Современиот еколошки усогласено одржлив развој на земјоделството во практиката значи:стремење за постигнување на потенцијално возможните за одреден агроеколошки реон приноси со високи биолошка вредност на производството преку соодветна агротехника која гарантира добивање на највисоки економски резултат со истовремено зголемување или подобрување на почвата.

 Одржливиот развој е целосен систем за стопанисување, кое се карактеризира со догорочни перспективи за задоволување на човековите потреби од растителна и животинска продукција кога во исто време се запазува и подобрува состојбата на животната средина, ефективно се користат природните ресурси и се подржува економската животоспособност на земјоделското препријатие.

Одржливиот развој значи дека тој е: економски, ефективен, еколошки усогласен и социјално одговорен. Од економска гледна точка тоа значи дека одржливото земјоделство треба да биде конкурентно способно  , односно да произведува производи со повисок квалитет кои ја задоволуваат побарувачката на потрошувачите и чија реализација обезбедува стабилни  доходи на земјоделците. Еколошката услогласеност значи дека во земјоделството се применуваат такви методи на производствто кои го чуваат или го подобруваат квалитетот на животната средина и гарантира рационално користење на ресурсите.

Социјално одговорно земјоделство е она кое обезбедува подобрување на квалитетот на животот на земјоделците и на потрошувачите на нивните производи.

Одржливиот развој на земјоделските претпријатија зависи како од познавањето на нивната социјално-економска состојба и нивната производна структура, од климатските, економските и социјалните политики  и други услови. Покрај тоа треба да се земат во предвид секој пат особеностите на земјоделското производство како што се : директна зависност од природни услови, има специфични производни циклуси  во кои не се поклопуваат производниот и  работниот процес, производство поврзано со човечка исхрана, поради што има стратешко значење и подршка од државите.

Според некои автори, одржливо фармерство бара најдоброто користење на природните својства на ресурсите, без притоа да нанесува штети на животната средина. Според тоа, под одржливост на земјоделско претпријатие треба да се подразбира неговата способност да произведува одреден обем и видови основна и дополнителна продукција при промени на условите на околината -  природни промени, економски, социјални, политички и др.

Комисијата на ООН за одржлив развој и пораст предлага систем од 132 индикатори за одржлив развој. Тие се класирани како:  економски, социјлани, еколошки и институционални. И покрај својата сестраност и значење предложените од Комисијата индикатори не можат да послужат за оценка на одржливиот развој на земјоделско претпријатие, бидејќи се користат податоци од  макро   ниво.

  Оценка на системот на одржливиот развој е доста отежната, поради недостаток на индикатори со соодветна норма ( праг  ) на вредност, односно индикатори кои да ја мерат одржливоста и прогресот кон неа, а не економскиот развој, состојба на околината и др.

  Општо земено индикаторитре би требало да ги исполнуваат (да одговорат) на следните барања:

·  да бидат логични и научно оправдани

·  да е мерлива нивната количина 

·  да условуваат користење на емпириски податоци

  од земјоделското претпријатие.

  Според некои автори одржливото земјоделство треба да одговара на следите девет индикатори:

·  да ги користи подобро локалните ресурси од еколошка гледна точка

·  интензивно да го разработува микрофармерскиот систем, како што се бавчите,  овоштарниците и лозјата

·  да го диверзифицира произодниот процес преку воведување на нови регеративни компоненти

·  подобро да ги користи локалните ресурси преку нови надвор од стопанството технологии

·  да помага градње на човечки капитал преку продолжено обучување  за подобра еколошка практика

·  да има пристап до финансиски средства (кредити, субвенции, грантови според програми) за поддршка на одржлив развој

·  да обезбеди приходи преку надвладување на загубите на ресурси и зголемување на обртот на капиталот на стопанството

·  да обезбедува приходи преку директен или огранизиран маркетинг, насочен кон потрошувачите за продукти на одржливиот развој

  Овие критериуми, освен што не можат количински да се мерат, тие имаат  карактер на мерки кои што треба да се преземат.

  Минимален услов за одржлив развој е дека постоењето на секое земјоделско претпријатие зависи од способноста непрекинато да ги обновува ресурсите потребни во производниот процес.

  Универзални индикатори се четири, познати од неокласичната теорија.

  Како прв индикатор  е покривање на трошоците, односно принос кој го обезбедува покривањето на трошоците. Предности на овој индикатор е дека пресметката на вредноста на приносите ја упростува контролата на трошоците и преземање на решение од производителите.

  Втор индикатор е претпријатието да обезбедува доход за идното обновување на вкупниот капитал (составен  и позајмен) односно  критична точка на  рамнотежа. Упростено  графички може  да се претстави – точката на рамнотежата е: пресечна точка помеѓу првата на вкупниот приход и таа на вкупните трошоци.

  Третиот индикатор  е таканеречениот оптимум  на претпријатието.  Оптимумот е таму каде што количината на продукцијата е таква да обезбезбедува најниски трошоци за факторите на производството, односно општите трошоци за единица се еднакви на приходите за единица продукција. Во оптимумот на претпријатието преку идеални комбинации  од факторите и пратено со идеална состојба на приходите присуствува стремеж кон максимизирање на добивката од одделната  произведена единица продукција, а не вкупна добивка.

Четвртиот индикатор е индексот на одржливост. Формулирањето на максимален услов за одржлив развој на земјоделското претпријатие произлегува од фактот, дека независно од официјална прогласена добивка според прогласените приходи и трошоци во многу претпријатија се јавува проблемот, недостиг на парични средства. Најчеста причина за тоа е високиот процент на нереализирано производство.  Основа за престметување на индикатор за одржливост се и проблемите што се јавуват во врска со други трошоци и плаќања како, отплата на главнината и камата по кредити, компензирање на инфлационите промени и др. Овие и слични трошоци бараат располагање со парични средства за настнати проблеми во опрделени рокови. Поради тие причини за оцена на одржливиот развој на земјоделското претријатие како максимален услови се користи индекс на одржливост.

Користењето само на економските индикатори не може да биде комплетна оценка за одржлив развој на земјоделското претпријатие, поради скриени проблеми поврзани со човечките ресурси. Образовната структура на персоналот од некои автори се посочува како важен индикатор на одржлив развој на претпријатието.

На големите земјоделски претпријатија се користи индикаторот “имиџ  “, како релативно нов, а кој вклучува немерливи активности воспоставени како резултат на името или репутацијата на претпријатието. Затоа економските индикатори треба да се разгледуваат поврзано со останатите индикатори за одржлив развој на макро и микро ниво.

Автор: проф. д-р Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок