25 Април, 2024
0.0316

КАКО ДО ВИЗА И РАБОТА: Сите детали за тоа како изградите иднина во Германија!

Објавено во: Стил 02 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Сон ви е да работите и живеете во Германија? Немавте каде да се информирате подетално за се што ве интересира во однос на дозволата за престој и вработување во Германија и кои предуслови треба да ги исполните за тоа?

Сега имате шанса...

Ваш пристап до германскиот пазар на трудотспоред новите регулативи

БидејќиМакедонија за Германија важи за таканаречена „сигурна земја на потекло“, барањата за азил од страна на македонски државјани фактички едвај и да имаат шанса за успех. Затоа, повеќето баратели на азил од Македонија мора повторно да се вратат во својата татковина. Меѓутоа, со важност од 28.10.2015, законските одредби го олеснуваат пристапот на граѓанките и граѓани- те на Македонија до германскиот пазар на трудот: Од 01.01.2016 до 31.12.2020 лицата од Македонија во Германија може да добијат дозвола за престој за сите професии, обуки ипомошнички дејности. Истото важи и тогаш кога немате квалификувана струковна наобразба или кога Вашата стручна квалификација не е признаена во Германија. Тука не спаѓаат дејностите во кои се ангажираат работници на одредено време.

Кои предуслови мора да ги исполнувате?

• Имате обврзувачка понуда од работодавач во Германија за работа од 01.01.2016 или подоцна.

• Ги исполнувате предусловите за издавање виза.

Како да постапите понатаму?

Може да ја забрзате постапката за издавање виза, доколку ги земете во предвид следните напомени: Пред да поднесете барање за издавање виза кај Вашето германско застапништво, Вашиот работодавач може кај надлежните установи во Германија да ги провери Вашите предуслови. Прво лице за контакт притоа е или Службата за странци или Сојузната агенција за вработување:

a) Дали некогаш долгорочно (на пр. со дозвола за престој, ЕУ-сина карта, постојана дозвола за престој итн. или како барател на азил со толеранција или со дозвола за престој) сте престојувале во Германија? Тогаш Вашиот работодавач со обврзувачка понуда за работа ќе се обрати до регионално надлежната Управа за странци. Управата за странци ќе ги разгледа Вашите претходни престои во Германија

Управата за странци ќе побара дозвола од Сојузната агенција за вработување (BA): Таму ќе се провери, дали за местото што Ви е понуден има други кандидати 2 со предимство. Во тој случај нема да добиете дозвола за работа на германскиот пазар на трудот. Сојузната агенција за вработување, освен тоа, ќе ги испита условите за работа, особено платата и работното време, бидејќи истите во Германија треба да соодветствуваат со вообичаените стандарди. Ако се исполнети сите услови, Вашиот германски работодавач од Управата за странци ќе добие претходна дозвола за издавање на виза. По добивањето на претходната дозвола во амбасадата може да поднесете барање за виза.

b) Доколку пред поднесувањето на барање за виза никогаш или само краткорочно сте престојувале во Германија (тука спаѓаат престои, за кои Ви е потребна виза издадена од страна на германско застапништво во странство)? Во тој случај за издавање на виза не е неопходна дозвола од страна на Управата за странци. Вашиот германски работодавач, во тој случај со обврзувачка понуда за работа ќе се обрати до Сојузната агенција за вработување, које ќе ги изврши горе споменатите испитувања. Ако се исполнети сите услови, тогаш Вашиот работодавач од Сојузната агенција за вработување ќе добие претходна согласност за издавање на виза. По добивањето на претходната согласност може во амбасадата да поднесете барање за издавање на виза.

2. Начини за добивање на работна дозвола за апликантки и апликанти со одредени квалификаци

Во претходното поглавје опишаното испитување на предимство на кандидатите од Германија и од земијите членки на Европската Унија отпаѓа, доколку имате одредени квалификации: Вие имате факултетско образование: Доколку имате факултетска диплома и од страна на работодавач во Германија Ви биде понуден договор за работа за позиција која е соодветна на Вашата диплома, може да добиете таканаречена „ЕУ-сина карта“. Освен тоа, однапред треба да се провери дали Вашата факултетска диплома одговара на диплома стекната на германска високообразовна институција. Неопходен е годишен приход во бруто износ од најмалку 48.400 евра.

3 Доколку имате факултетска диплома во професија за која во моментов во Германија владее голема побарувачка (природонаучник,математичар, инженер, доктор по медицина и факултетски стручњак во областа на информатичките и комуникациските технологии) и Ви биде понуден договор за работа, за „ЕУ-сина карта“ може да аплицирате и при годишен приход во бруто износ од 37.752 евра.

4 Имателите на ЕУ-сина карта уште по изминати 33 месеци, односно при доставен доказ за задоволително познавање на германски јазикпо 21 месец, може да добијат дозвола за престој. Вие сте стручен работник: Постојат низа стручни звања, кои во Германија може да се стекнат не преку студии, туку преку стручно образование. Во овие професии се бара квалификувана работна сила. Пристапот до пазарот на трудот за кандидати од земјите надвор од Европа за овие професии е олеснет. Кои професии спаѓаат во оваа група се утврдува го- дишно и се објавува тука.

Моментно (состојба: ноември 2015) наведени се преку 130 професии, особено во областа на здравството и здравстената нега, мехатрониката и електрониката, техничките градежни услуги како и професии во областа на сообраќајот и логистиката. Доколку спаѓате во некоја од овие професионални области и имате конкретна понуда за работа, може да добиете виза за да отпочнете со работа, доколку Сојузната агенција за труд утврди дека условите за вработување за понуденото работно место одговараат на оние за германски вработен За поднесување на барање за дозвола за престој мора да биде проверено дали дадената професионална квалификација може да се спореди со соодветна германска професонална наобразба. Ве молиме да имате во предвид дека постапката треба да ја започнете уште во важата татковина. Информации за оваа постапка ќе најдете на германски и на англиски јазик на следните интернет страници www.anerkennung-in-deutschland.de и www.berufliche-anerkennung.de.

Доколку службата за признавање квалификации утврди дека за исто вреднување на стекнатото звање се неопходни дополнителни квалификации, под посебни услови може да поднесете дозвола за престој за признавање на Вашата странска професионална квалификаци. Како стручен кадар или како факултетиски образовано лице, барањето за виза може да го поднесете кај Вашето германско странско застапништо.

Прашања? За квалификуваните работници и за висококвалификуваните лица се исплати да се фрли поглед на порталот за добредојде „Make it in Germany“: Тука странските стручни кадри ќе најдат информации за шансите за градење на кариера во Германија и за тоа зошто се исплати да се живее и работи тука.

Виза за баратели на работа

Пристапот до пазарот на трудот преку „ЕУ-сината карта“ или позитивната листа претпоставува добиена понуда за работа. Доколку располагате со универзитетска диплома признаена во Германија или споредбена универзитетска диплома, и без конкретна понуда за работа може да поднесете барање за издавање на виза за барање работа. Со оваа виза во Германија може да останете до шест месеци како барател на работа. Предуслов за оваа виза е во тој период да ги финансирате трошоците за живот и без да работите.

Вака ќе се подготвите

Учете германски Во потрагата по работа и за аплицирање потребно е да располагате со одредено ниво на познавање на германски јазик. Можни се јазични курсеви на Гете Институтoт во Вашата земја или во некое друго јазично училиште. Страницата на „DeutschenWelle“ нуди бесплатни он- лајн јазични курсеви. Понатамошни информации на тема учење германски и јазични курсеви ќе најдете и на страницата www. make-it-in-germany.com

Подгответе ги сведителствата и потврдите

Најголеми шанси за добивање работа во Германија имаат апликанти со добри професионални квалификации. Доколку имате завршено стручно образование или факултет, во тој случај треба да ги приложите сите свидетелства. Ако имате факултетска диплома или сте квалификуван работник и ги исполувате условите од поглавјето 2, уште од дома треба да поднесете барање за признавање на Вашата професионална диплома.

Вака ќе најдете работа

Сите работни места пријавени кај Сојузната агенција за вработувањеќе се објавени на интернет страницата jobboerse.arbeitsagentur.de

Централната служба за посредување при вработување на странци и стручни кадри и Make it in Germany – Migration Support Center ќе ве подржат со различни услуги при барањето работа: +49 228 713 1313 или на zav@ arbeitsagentur.de.

Секако дека и други портали како на пример www.stepstone.de и www.monster.de се добар начин за барање работа.На страниците www.zeitung.de и www. onlinenewspapers.com ќе најдете преглед на сите надрегионални и регионални весници во Германија. И на веб-страниците на некои од овие весници можете да ги разгледате објавените огласи за работа. На интернет порталот ec.europa.eu/eures исто така може да побарате огласи за работа во Германија.

Вака ќе аплицирате

За успешна потрага по работа потребна е добра подготовка на документите за конкурирање. Информации за различните модалитети за аплицирање во Германија ќе најдете на makeit-in-germany.com/en > Working > Guide. Интернет страницата www. europass-info.de www.europass-info. de нуди обрасци за аплицирање според европските стандарди вклучително биографија, познавање на странски јазици, образец за прикажување на стручните квалификации и т.н. „DiplomaSupplement“ за завршен факултет.

Кога и Вашето семејство доаѓа со Вас

Оној кој ќе добие работна дозвола и дозвола за престој во Германије, може со себе да ги повлече и членовите на неговото семејство (брачен партнер и/или малолетни деца), доколку располага со доволен простор за живеење и доколку може да ги покрие трошоците за живот за своето семејство, без притоа да користи државна финансиска помош. Генерално, и на Вашите членови на семјеството им е потреба виза за влез во Германија. Оваа регулатива и на вашиот сопруг/сопруга му/и дава право за вработување. Откако ќе допатува, Вашето семејство мора да го пријавите во надлежната служба и во Управатаза странци да поднесете барање за издавање на дозвола за престој.

ИМАТЕ ЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА?

Доколку имате прашања во врска со условите за живот и работа во Германија, може да се обратите до Make it in Germany – Migration Support Center на Централната служба за посредување при вработување на странци и стручни кадри на: +49 228 713 1313 или на zav@arbeitsagentur.de.

И двата информативни портали ec.europa.eu/eures и www.makeit-in-germany.com информираат детално за прашања поврзани со условите за живот и работа во Германија, стандардите за аплицирање, социјалното осигурување, даноците и за други теми, кои што се важни за подготовка за отпочнување со работа во Германија. За прашања поврзани со доаѓањето во земјата, работната дозвола и дозволата за престој, обратете се до германската амбасада во Вашата татковина.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган