23 Април, 2024
0.0275

Како добивката на ТТК Банка за три месеци порасна половина милион евра?

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Малата банка направи мега кратење на резервациите и ја зголеми добивката за половина милион евра во периодот јули-септември, а притоа одржа исто ниво на нето приходи од камати како и лани. Голем подвиг е тоа што за три месеци банката има добивка безмалку еднаква на профитот од првите шест месеци

ТТК Банка во третиот квартал оствари добивка од половина милион евра и тоа е двојно повеќе од просекот за квартална добивка за првите две тромесечја годинава, покажуваат податоците што ги објави таа банка за периодот јануари-септември.
Според нив за првите девет месеци добивката е 65,37 милиони денари што е раст за 30 милиони денари од добивката што банката ја оствари за првите шест месеци годинава. Во истиот период лани оваа банка имала добивка од 17,7 милиони денари што овогодинешниот резултат го прави дополнително поинтересен за инвеститорите на берзата.

Клучот за успех во резервациите!

Достапните податоци покажуваат дека клучен фактор за оваа добивка се резервациите за кредитните пласмани и во помала мерка загубите за нефинансиски средства. Ова станува правило кај сите деловни банки без разлика на нивната големина и пазарно учество. Резервациите за првите девет месеци се 34,9 милиони денари и тие се само за 4,2 милиони денари поголеми од резервациите за првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период лани резултот од резервациите на банката е неспоредливо подобар. Годинава тие се повеќе од преполовени во споредба со претходната година. Значајно за добриот резултат на банката е тоа што загубите за нефинансиски средства во последниот квартал се пораснати за 3 милиони денари што е помал раст од кварталниот просек за првите две тромесечја. Многу значајно е тоа што оваа загуба во споредба со лани е драстично намалена, што укажува на поефикасно управување со тие ресурси. Лани за првите девет месеци загубата е 37,6 милиони денари, а сега е 13,5 милиони денари.

Нето приход од камати како лани, паѓа приходот од провизии

Податоците за камати покажуваат дека банката успеала да го одржи нето приходот од камати, како најзначајна приходна ставка, на ниво речиси идентично како и лани. Расходите за камати, во апсолутна вредност, се зголемени речиси идентично како и бруто приходот од камати. Најголемо намалување на приходна ставка е приходот од провизии кој на бруто основа е за 11,3 отсто понизок од лани. Расходот за провизии е речиси непроменет во споредба со лани и тоа е главната причина за значајното потфрлање на нето приходот од провизии и надоместоци. Останати приходи од дејноста се на исто ниво како и лани, а исто е и со нето приходите од курсни разлики.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска