17 Февруари, 2020
0.0159

Како е да се биде студент за размена на МБУ?

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2020

За еден млад човек кој го започнал своето образование, од непроценливо значење е доколку може  да студира на некој странски универзитет, да доживее нова култура, да запознаат нови луѓе. Често во нашето опкружување сме сретнале лица кои го искусиле студентскиот живот во странство од прва рака.

Но, како е да се дојде во нашата земја како студент на размена и како странските студенти ја доживуваат нашата земја, нашата култура, какво е нивното искуство и како истото ги менува и трансформира. За ваквите, нам не толку познати искуства, разговаравме со двајца студенти на размена на Меѓународниот Балкански Универзитет.

Јеремјаш Њечипоровски од Полска и Дезире Херера Родригез од Шпанија сестуденти од четврта, односно трета година, кои преку програмата за меѓународна студентска размена „Еразмус+” поминаа по еден семестар во Скопје на МБУ.

„Претходно никогаш не сум имал можност да ги посетам балканските држави. Токму поради тоа ги истражував универзитетите во овој регион. Истовремено сакав да запознам различни култури и да си ги усовршам јазичните вештини”, ја започнува со својата приказна Њечипоровски.

Овој млад човек е студент од четврта година на Факултетот за Психологија на универзитетот„Adam Mickiewicz” во Полска кој како дел од програмата „Еразмус+” добил можност да судира психологија на Факултетот за хуманистички и социјални науки на Меѓународниот Балкански Универзитет.


„Како студент, очекувам моите студии да ми овозможат добра работна позицијаво иднина. Покрај тоа, кога почнав со студии, решив да се вклучам во програмата за размена на студенти, бидејќи така ќе бидам во можност сам да се изградам како личност. Според мене, МБУ е многу добро организиран Универзитет кој има соодветен академски и административен кадар. Професорите секогаш се достапни за помош. Благодарен сум на тоа што Универзитетот организираше различни настани за обединување на студентите. Исто така, МБУ пружа огромни можности за патување низ Балканот, како и за учествување на светски конгреси.И самите студенти на Универзитетот се доста активни од аспект на креирање различни студентски клубови и организирање на интересни настани и фестивали“, вели Њечипоровски.

Дезире е студентка од трета година која за МБУ дознала преку интернет и се одлучила токму за овој Универзитет поради позитивните написи за истиот и фактот што никогаш не посетила балканска земја, а имала голема желба.

„Mојата главна цел беше да запознам различна култура и да добијам различна перспектива за односите во светот.Исто така, целта ми е и да слушам предавања на англиски јазик бидејќи тоа би било за прв пат во мојот живот. И конечно да уживам во дружењето со моите соученици, во можноста за поинаков начин на студирање и во фокусирање на нашата иднина”, вели Дезире.

Според неа, МБУ е место за уживање во блиските релации со професорите и со соучениците.

„Спротивно на универзитетите во Шпанија, на МБУ групите се помали па затоа се посветува поголемо внимание на секој студент. Овде истовремено имав можност и да  запознам различни култури. Можам слободно да кажам дека од моето досегашно студирање на МБУ научив многу, со што ги проширив и своите хоризонти. Поради тоа, за програмата Еразмус+ , јас повторно би го одбрала МБУ.”

Меѓународниот Балкански Универзитет е познат како најактивен и најактуелен универзитет во однос на спроведување на програмата за студентска мобилност Еразмус+ во Р.C.М. Во програмата Еразмус+ која е наменета за сите студенти и вработени на МБУ, активно се вклучуваат сите факултети. Фактот што на МБУ сите предавања се на англиски јазик, го прави Универзитетот атрактивен за студентите кои ја користат програмата Еразмус+.

МБУ за академската 2020 година преку Еразмус+ програмата ќе угости вкупно 43 студенти. 

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар од Пробиштип со Златна Рипка вредна 500 000 денари

СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар од Пробиштип со Златна Рипка вредна 500 000 денари

Медиумите кои нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат пари за ППР

Медиумите кои нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат пари за ППР

Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Samsung во нов поход - Кои се импресиите по лансирањето на Galaxy S20?

Samsung во нов поход - Кои се импресиите по лансирањето на Galaxy S20?

Непријатната вистина за иднината на Македонија со фосилниот гас

Непријатната вистина за иднината на Македонија со фосилниот гас

Дефектот на ул.Јустинијан Први 19 во населба Драчево е саниран

Дефектот на ул.Јустинијан Први 19 во населба Драчево е саниран

Прекин на водоснабдувањето во Драчево

Прекин на водоснабдувањето во Драчево

AUTOBEST награди за новата Opel Corsa и за Лохшелер, извршниот директор на Opel

AUTOBEST награди за новата Opel Corsa и за Лохшелер, извршниот директор на Opel

Дефектот на ул.Фрањо Клуз бб е завршен

Дефектот на ул.Фрањо Клуз бб е завршен