Како е финансиран познатиот филм на Скорсезе „Волкот од Волстрит“?
Објавено во: Стил 13 Март, 2018
Продуцентската куќа на филмот „Волкот од Волстрит“ на Мартин Скорсезе, во кој главна улога има оскаровецот Леонардо ди Каприо, на властите на САД ќе мора да им платат 60 милиони долари поради обвиненија дека филмот е финансиран со украдени пари, пишува „Гардијан“.
Овие средства се дел од сума пари уплатени на сметка на соработниците на малезијскиот премиер, кој, според пишувањата на британскиот весник „Гардијан“ се платени од инвестициски фонд на Малезија.
Соосновачот на продуцентската куќа Ред Гранит Пикчрс, која е и кофинансиер на филмот, е всушност посинок на Наџиб Разак, којшто, пак, е обвинуван за вмешаност во криминал.
Ред Гранит во филмот вложи 100 милиони долари. „Волкот од Волстрит“ е приказна за подемот и падот на бизнисменот Џордан Белфорт, кого го глуми Леонардо ди Каприо.
Продуцентската куќа негира неправилности, но челниците сепак одлучиле да уплатат 60 милиони долари во следните 12 месеци.
Американските власти имаат намера поподробно да го истражат овој случај, поради сомнежите дека вкупната сума неподмирени долгови е 1,7 милијарди долари.