25 Април, 2024
0.0302

КАКО Е МОЖНО: За две седмици завршила медицинско училиште

Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

За многу кратко време босанска новинарка добила диплома за медицинско училиште. 

Новинарка од „Журнал“ успеала да се стекне со диплома од средно медицинско училиште во Сански Мост за само две недели, а притоа не присуствувала на ниту еден час.

Откако на 20 декември лани ги предала документите, новинарката Азра Омеровиќ „завршила“ училиште и добила диплома на 3 јануари.

На дипломата на Медицинско техничкото училиште од Сански Мост пишува дека ученичката Азра Омеровиќ запишала „преквалификација” на 22 ноември 2016 година, а дека успешно го завршила образованието на 15 ноември 2018 година.

Приказната започнува во ноември минатата година, кога редакцијата „Журнал” добила документација од полициски и правосудни агенции, во која се наведува дека на подрачјето на Федерацијата Босна и Херцеговина се продаваат дипломи од средни училишта и сето тоа има врска со Центарот за образование од Широки Бријег, поддржани од страна на бизнисмени блиски до Хрватската демократска заедница (ХДЗ) во БиХ.

Документите покажуваат дека парите од Широки Бријег биле користени за основање на средношколски и високообразовни институции во БиХ и дека во овие установи издаваат сомнителни дипломи. Се наведуваат имиња на посредници кои работеле во одредени градови и кои за пари набавувале дипломи.

За сараевскиот регион, е одговорен извесен Сенад Пехливановиќ од Фојница. Омеровиќ  со него имала кус телефонски разговор, а првпат се сретнале во Сараево.

Како што и било кажано во училиштето, за преквалификација е неопходно најмалку една година, меѓутоа, Пехливановиќ можел да го обезбеди тоа многу побрзо за сума од 2.500 конвертибилни марки (околу 1.200 евра) наменети за „директорите и другите”.

На средбата со Пехливановиќ, новинарката одбила да му даде пари однапред, а тој и рекол дека ќе мора да „бара алтернативни решенија” и дека овој пат нема да оди преку Широки Бријег.

На таа средба, новинарката добила „специјален телефонски број”, наменет за договори околу  дипломите. Редакцијата на „Журнал” дошла до листа на повици, која докажува дека Пехливановиќ од тој број единствено го контактирал Центарот за образование од Широки Бријег.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“