29 Март, 2024
0.0328

Како „Фершпед“ фати ритам?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Добивката на „Фершпед“ за првиот квартал е 20 пати поголема од добивката во истиот период лани. Компанијата значајно ги зголеми приходите од домашен пазар, умерено ги зголеми оеративните расходи и што е многу важно ги преполови трошоците за камати на кредити.

Најголемата македонска шпедиција во првите три месеци оваа година има приходи од продажба кои надминаа 800 милиони денари и се повисоки за 16 отсто од приходите од продажба остварени во првиот квартал лани. Големо охрабрување на неговите акционери е тоа што компанијата за првите три месеци оствари нето добивка од 26,85 милиони денари. Во споредба со добивката во првиот квартал лани добивката во периодот јануари – март 2018 година е поголема 20 пати.

Како изработил „Фершпед“?

Во првите три месеци „Фершпед“ има оперативни приходи од 809,2 милиони денари од кои приходи од продажба се 807,9 милиони денари. Доминантно е учеството на домашниот пазар во структурата на сите приходи од продажба. На домашниот пазар „Фершпед“ реализирал 781,5 милиони денари и тоа е за 22 отсто односно 141,5 милиони денари повеќе од истиот период лани. Приходите од странски пазар на „Фершпед“ се повеќе од преполовени во споредба со лани и изнесуваат 26,4 милиони денари.

Оперативните расходи на „Фершпед“ растеле значајно побавно од растот на приходите од продажба и тука е тајната на успех на најголемата шпедиција. Во услови кога приходите од продажба пораснале за повеќе од 110 милиони денари неговите расходи пораснале за 79 милиони денари. „Фершпед“ заштедил на набавна вредност на трговските стоки, но го зголемил износот на услуги со карактер на материјални трошоци за 90 милиони денари до износ од 554,5 милиони денари. Оперативната добивка достигнала половина милион евра односно над 30 милиони денари. Во однос на лани пораснала за 5,5 пати.

Значајно намалени финансиските расходи!

Охрабрувачки за сите акционери на „Фершпед“ е значајното кратење на финансиските расходи во првиот квартал годинава. Тие се пониски за 41 отсто во однос на истиот период лани кога изнесувале 4 милиони денари. Сега биле 2,36 милиони денари. Тоа значи дека „Фершпед“ во значајна мерка се растоварил од кредитни или од каматни обврски. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи