18 Април, 2024
0.0304

Како „Фершпед“ направи приход од 56 милиони евра?

Објавено во: Економија 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber

„Фершпед“ имаше успешна година. Добивката надмина 1,36 милиони евра, а профитот по акција е 75 евра и тоа е 6 отсто од последната пазарна цена. Ќе добијат ли годинава акционерите дивиденда, по долгогодишниот пост?

Најголемата македонска шпедитерска компанија лани го зголеми своето пазарно учество за 5 милиони евра и оствари приходи од продажба кои надминаа 56 милиони евра. Приходите на домашен пазар пораснале за 10 отсто однсоно за повеќе од 5 милиони евра, а нето добивката по акција е 75 евра, вест што сигурно ќе ги охрабри инвеститорите и ќе ги зголеми очекувањата на акционерите кои долго време не виделе дивиденда од своето вложување во „Фершпед“.

Лани компанијата оствари вкупни приходи од продажба кои надминаа 56 милиони евра. Повеќе од 90 отсто од нив се приходи на домашниот пазар и тие изнесуваат 53,5 милиони евра. Значајна е пенетрацијата на домашниот пазар и таа изнесува 10 отсто повеќе во однос на 2017 година. Оперативните расходи на компанијата пораснале за 8 отсто и тие изнесуваат 54,8 милиони евра.  Во нив најголема ставка, очекувано, се услугите со карактер на материјални трошоци кои лани пораснале за 13 отсто во однос на 2017 година и надминале 38,5 милиони евра.

Оперативната добивка на компанијата е 1,63 милиони евра и е зголемена за 44 отсто во споредба со 2017 година. А нето добивката лани е за 71 отсто поголема од 2017 година и изнесува 1,365 милиони евра што значи 75 евра по секоја акција со право на глас.

Што е индикативно?

„Фершпед“ лани успеа да ги зголеми своите финансиски  приходи за 75 отсто истовремено намалувајќи ги финансиските расходи за 35 отсто. Што значи тоа во пари? Финансиските приходи лани достигнале 170.000 евра, а финансиските расходи паднале на 210.000 евра. Краткорочните кредитни обврски, кои се главен генератор на финансиските расходи (кои во најголем дел е камати на кредити н.з.), лани се намалени за 66 отсто до износ од 0,95 милиони евра. За споредба на крајот на 2017 година по краткорочни кредити компанијата должела повеќе од 2,2 милиони евра. Ова е многу значајно за идните очекувања на инвеститорите во акцијата на „Фершпед“. Обврските по долгорочни кредити се намалени за 15 отсто. На крај на 2018 година тие изнесуваат 1,83 милиони евра.

Ова значи дека кредитната изложеност на „Фершпед“ на крај на 2018 година е пониска од 2,8 милиони евра. Вкупните обврски на компанијата на крај на минатата година се 9 милиони евра и се пониски за 10 отсто од 2017 година.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор