26 Април, 2024
0.0270

Како „газат“ големите странски инвестиции?

Објавено во: Економија 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Сите шест најголеми странски инвестиции кои неколку години наназад работат во земјава, лани имале одлични резултати. Сите имаат зголемени вкупни приходи лани во однос на 2017 година, а гигантот „Џонсон Мети“ има профит од 97,8 милиони евра. Овие компании освен што вработуваат значаен број на лица, а поважно е можеби тоа што нивните приходи многу влијаат на македонскиот извоз, зашто речиси целото производство завршува надвор

Најголемите шест странски инвестиции во земјава лани направиле приход од 2,36 милијарди евра, а убедливо најголем меѓу нив и воопшто во целиот бизнис сектор во земјава е подружницата на британската аквизиција на „Џонсон Мети“ чиј приход од продажба е 1,75 милијарди евра и во споредба со 2017 година е повисок за 18 отсто.

„Џонсон Мети“ е убедливо најголем деловне субјект во земјава. Целото производство оди во извоз за потребите на автомобилски корпорации ширум светот. Неговата добивка за лани е 97,8 милиони евра. „Џонсон Мети“ воедно е компанија со најголема добивка во земјава. Втор на ранг листата според остварениот приход е „Кромберг и Шуберт“ лоциран во близина на Битола. Оваа компанија остварила приход од 223 милиони евра и тоа е за 47 отсто повеќе од 2017 година. Добивката лани изнесува 3,9 милиони евра и е за 42 отсто поголема од претходната година.

Во големата тројка е и „Ван Хол“ производителот на автобуси, чија фабрика е лоцирана во индустриската зона во Илинден. Оваа компанија  лани оствари приход од 179,2 милиони евра и тој пораснал за 32 отсто во споредба со 2017 година. Профитот лани е 12,4 милиони евра и книжи раст од 33 отсто во однос на претходната година.

„Маркарт“ чиј производствен погон е лоциран во близина на Велес лани остварил приходи во износ од 74 милиони евра и тие се за 59 отсто, а профитот е 6 милиони евра.

„Амфенол“ лани оствари приход од 70 милиони евра и тие се за 16 отсто повисоки од претходната година. Најголемата компанија во Кочани, според приходите и според бројот на вработени лица, лани остварила профит од 3,6 милиони евра и тоа е за 30 отсто послаб резултат од аспект на профитот.

Најмал меѓу џиновите е „Дрекслмајер“ компанијата што е најголем работодавач во регионот на Тиквешијата.  Неговиот приход е 68 милиони евра, а е поголем за 18 отсто од 2017 година. Добивката е за 15 отсто поголема од претходната година и изнесува 3 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија