20 Април, 2024
0.0336

Како глобалната криза сега влијае на биткоинот: Дали монетата расте или паѓа?

Објавено во: Финансии 09 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Етер, втората по големина криптовалута во светот, падна денеска на само 2.421 долар, што е најниско ниво од крајот на февруари оваа година

За љубителите и „чуварите“ на криптовалутите, денес не осамнаа најдобрите вести.

Имено, биткоинот потона на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзата продолжува негативно да влијае на крипто светот, чие тргување е придружено со т.н. поризични средства како што се акциите на технолошки фирми.

Биткоинот падна на 33.266 долари во утринското тргување во Азија, приближувајќи се на најниското ниво од јануари, кога беше само 32.951 долари. Падот под тоа ниво би бил најниската вредност за биткоинот од јули минатата година, пишува Ројтерс.

Според најновите податоци од coinmarketcap.com, каде што можете да ги следите вредностите на сите тековни дигитални монети, биткоинот малку се опорави.

На 9 мај, околу 08:25 часот, се тргуваше за 33.400 долари или пад за околу 1,4 отсто на дневна основа.

Технолошкиот индекс на Њујоршката берза, Nasdaq, минатата недела беше затворен на 1,5% и загуби 22% од својата вредност од почетокот на годината, поради очекувањата дека високата инфлација ќе ја принуди ФЕД да ги зголеми референтните каматни стапки и покрај забавувањето на економскиот раст.

Фјучерсите на Nasdaq го продолжија својот надолен тренд во азиското тргување утринава, паѓајќи за дополнителни 0,8 отсто. Етер, втората по големина криптовалута во светот, денеска падна на само 2.421 долар, што е најниско ниво од крајот на февруари оваа година.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин