29 Март, 2024
0.0335

Како „Халкбанк“ ја доби конкуренцијата?

Објавено во: Економија 31 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

„Халкбанк“ најинтензивно ја подобрува својата пазарна позиција во однос на конкуренцијата. Освен тоа што има најголем раст на вкупна актива и на кредитни пласмани банката се зацврсти на четвртото место приближувајќи се до големата тројка „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка и „Комерцијална банка“

„Халкбанк“ турската аквизиција во македонското банкарство имаше одличен квартал и има најдобри резултати во две од три категории во конкуренција на 15 банки, покажуваат најнови официјални податоци за македонскиот банкарски сектор.

„Халкбанк“ во категориите „вкупни средства“ и „кредитни пласмани“ има најголем раст односно пенетрација на пазарот во споредба со сите конкуренти вклучително и трите најголеми банки: „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“ и НЛБ Банка. Во третата категорија „вкупни депозити“ најуспешна банка во првиот квартал е „Стопанска банка Битола“ пред „Стопанска банка Скопје“ и „Халкбанк“.

Во првата пазарна категорија „вкупни средства“ убедливо доминира растот на „Халкбанк“ во првиот квартал годинава. Растот на средствата на оваа банка е 31 милиони евра (во апсолутени износ) и тоа е двојно повисоко од второпласираната „Стопанска банка Битола“ која има раст од 15 милиони евра. Третата позиција ја делат „Шпаркасе“ и УНИ Банка со раст на средствата за 11 милиони евра за првите три месеци годинава во споредба со состојбата на крајот на 2018 година.

Пазарното учество на „Халкбанк“ во оваа категорија порасна за 0,3 отсто до 9,7 отсто. Најголемите две банки „Комеецијална банка“ и „Стопанска банка Скопје“ бележат статус кво, а НЛБ Банка бележи пад на пазарното учество за 0,3 отсто.

Во категоријата „кредитни пласмани“ повторно „Халкбанк“ има најголем продор. Таа била најактивна во првите три месеци годинава и нивото на кредити пораснало за 28 милиони евра до 581 милиони евра.  Втора на ранг листата по раст на кредитни пласмани е „Стопанска банка Скопје“ со 10 милиони евра. Со овој резултат пазарното учество на „Халкбанк“ пораснало до 0,5 отсто до 11,1 отсто. Најголемо пазарно учество во кредитни пласмани и понатаму има „Стопанска банка Скопје“ со 20,8 отсто пред НЛБ Банка со 17,6 отсто и „Комерцијална банка“ со 16,3 отсто.

Кај „депозитите“ суверено владее „Комерцијална банка“ која на крајот на март годинава чува 1,57 милијарди евра. Најголемиот конкрент е „Стопанска банка Скопје“ која чува 1,22 милијарди евра. Трета е НЛБ Банка со депозитна база од 1,05 милијарди евра. Најголем раст на депозитите во првите три емсеци годинава има „Стопанска банка Битола“ и тој изнесува 20 милиони евра, 3 милиони евра повеќе од „Стопанска банка Скопје“ и 7 милиони евра повеќе од „Халкбанк“.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат