20 Април, 2024
0.0268

Како „изедовме“ една милијарда евра од потрошувачките кредити

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Безмалку половина од долгот кои граѓаните го имаат кон банките е по основ на потрошувачки кредити. Заклучно со септември месец, лани само за вакви ненаменски кредити или кредити за покривање на тековни потреби граѓаните на банките им должат 1,331 милијарди евра. Вкупниот долг на физичките лица кон банките во тој месец бил 2,7 милијарди евра. 

Во остатокот влегуваат кредитите кои се дадени за реновирање и купување стан кои се секако и поголеми во суми, но и автомобилските и кредитите на кредитните картички. Интересно е што за десет години сумата која граѓаните ја должат по основ на потрошувачки кредити без минусите на сметки и без картичките се зголемила четири пари или за неверојатни милијарда евра. На крајот на септември 2008 година граѓаните на банките им должеле 353 милиони евра, во 2018 година 1,331 милијарди евра.

Според податоците од Народната банка, заклучно со септмеври лани, физичките лица должат и 381 милион евра на кредитните картички со кои секојдневно пазаруваат низ маректите и по продавниците. Во 2008 година по овој основ задолженоста на граѓаните била речиси иста.

Долгот пак, кој се води како минус на сметките на граѓаните лани до септември изнесува 209 милиони евра, двојно помалку од пред десет години. Во септември 2008 година како негативно салдо е заведен долг од 112 милиони евра.

Инаку, во последниот период најголем раст имаат станбените кредити. До септември лани долгот на граѓаните кон банките по овој основ е 716 милиони евра.

Автомобилските кредити се најмали и задолженоста на граѓаните по овој основ има опаѓачки тренд. За автомобилски кредити физичките лица на банките им должат 5,2 милиони евра

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ