Kaко изгледа животот на странците во Германија?
Објавено во: Свет 06 Декември, 2018
Работодавците во Германија ги искористуваат странците, не потпишуваат договори за работа со нив и ги присилуваат на прекувремена работа.
Ова го тврдат од Германскиот институт за човекови права.
Странците меѓу кои се Сиријците и Ирачаните пристигнати во 2015 година, а потоа и Бугари, Романци и луѓе од Латинска Америка, немилосрдно ги искористуваат.
Се исплаќа плата помала од минималецот кој е 8.84 евра по час.
Нив Германците не им уплаќаат придонеси, а работниците кои се дојдени од други земји не можат да се обратат во суд.
Во 2015 година Германија прими милион мигранти од Сирија и Ирак. Берлин потоа донесе строги закони за азил.