28 Март, 2024
1.0023

Како Израел ја зајакнува безбедноста во пресрет на Евровизија?

Објавено во: Свет 14 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Израел го активираше анти-ракетниот систем во пресрет на евровизиските случувања.

Израелската војска го активирала анти-ракетниот систем во пресрет на првата вечер од евровизискиот фестивал, кој ќе започне вечерва во Тел Авив, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Израелските безбедносни сили го подготвиле системот наречен „Ајрон доум“ ширум целата земја. Токму овој систем беше искористен со максимален капацитет, кога на 4 мај, Хамас од Газа истрела 690 ракети кон Израел. Во овие напади загинаа четири лица. Два дена подоцна, двете страни договорија прекин на огнот.

Израелските сили по овие настани информираа дека анти-ракетниот систем бил 86 отсто ефективен за време на нападите од Хамас, со што, како што пренесуваат медиумите, сакале да ја уверат јавноста дека тактиката на противникот немала висока ефективност.

„Евровизија“ започнува вечерва во Тел Авив во 21 часот со првата полуфинална вечер, второто полуфинале е в четврток, а финалето е закажано за во сабота, 18 мај.

Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија