Како камионџии спасија човек кој сакаше да се самоубие?
Објавено во: Свет 25 Април, 2018
Полицијата на американската држава Мичиген на необичен начин решила да спречи човек што се заканувал дека ќе скокне од надвозникот над автопатот.
Вчера во раните утрински часови, сите ленти на автопатот 696 во Мичиген биле празни, а на надвозникот човек се заканувал дека ќе изврши самоубиство.
Под надвозникот 13 камиони со приколки биле паркирани за да го ублажат падот доколку човекот реши да скокне.
Откако камионите се наредиле, човекот реши да слезе од работ на надвозникот.