29 Септември, 2024
0.0263

КАКО ЌЕ ПАТУВАМЕ ВО 2022 ГОДИНА: Ќе има нови правила за патување во ЕУ, но главно сè ќе зависи од корона вирусот

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Засега е извесно дека следната година ќе се воведе систем за инстант визи или дозволи за патување, пасошите за ковид ќе важат девет месеци од втората доза, а Грците воведоа, барем привремено, задолжителен ПЦР тест, пишува српски Блиц.

Според соопштението од Брисел, европскиот систем за патување треба да профункционира од 2022 година, а патниците од повеќе од 60 земји, кои досега слободно влегувале во Шенген зоната, пред поаѓање ќе треба да поднесат барање за дозвола за патување.

Оваа практика веќе постои во САД, Канада и Австралија, а идејата потекнува од 2016 година. Системот требаше да почне да работи оваа година, но пандемијата ја одложи неговата имплементација.

Според најавата, ќе биде „лесно, брзо и едноставно, ќе вклучува туристи, деловни луѓе и други патници“. Апликацијата ќе треба да обезбеди лични податоци, податоци за пасош, земја во која патувате, податоци за кривичното досие, доколку ги има, престој во воени зони, забрани за посети во одредени земји. Апликантите на возраст од 18 до 70 години ќе платат седум евра за услугата. За малолетниците ќе биде бесплатна. Одговор за прифаќањето на барањето ќе биде пратен на е-мејл. Во случај на одбивање ќе се добие образложение, а можно е да се поднесе жалба.

Конечна одлука за тоа кога ваквиот систем ќе стапи на сила не е донесена, но постоеја мислења дека тоа ќе се случи во март или април 2022 година. Ќе има централен регистар, цената треба да биде од пет до седум евра и ќе треба да се регистрира електронски при прв пат патување во земјите на ЕУ. Не би морало да се испраќа барање секој пат, туку само кога се патува прв пат. Тоа е замислен модел кој би го контролирал движењето и би имал податоци за влегувањето и излегувањето од ЕУ. 

Сепак патувањата најмногу ќе зависат од корона вирусот. Пред неколку недели Европската комисија донесе правило со кое рокот на важност на сертификатот за вакцинација е ограничен на девет месеци, односно 270 дена од целосната вакцинација. Во исто време, беа усвоени правила за координација на сертификатите со цел да се разликуваат доказите за примарната вакцинација добиени од оние поврзани со бустер дозите.


Можеби ќе ве интересира

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала