04 Декември, 2021
0.0208

ПРАШАЊЕ КОЕ ГИ КОПКА СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ

Како ќе се расподели имотот после разводот на Џоли и Пит?

Објавено во: Стил 21 Септември, 2016

Веста која вчера ги преплави светските медиуми е разводот на најпознатиот светски пар, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит.

Како што е наведено, американската глумица Анџелина Џоли побарала развод од својот сопруг Бред Пит, а повод е несложувањето околу одгледувањето на децата.

Меѓутоа, што ќе биде со нивното богатство и како ќе се подели?

Oд моментот кога почнаа да се забавуваат во 2004 година, двојката заработила нешто повеќе од пола милијарда долари пред оданочувањето, наведува Форбс. Заработката дошла од нивните професии,  „на платното“ и надвор од него, а кога се земе предвид тоа, прашањето кое светските медиуми го поставуваат е: дали Бред и Анџа потпишале предбрачен договор?

Според мислењето на адвокатот Џошлин Дејвис такви софистицирани луѓе како што се Бред и Анџелина ги имаат околу себе најдобрите советници.

„Мислам дека тие имаат предбрачен договор, а треба да се земе предвид дека во Калифорнија секој имот пред бракот се заштитува“, вели Дјвис за сајтот The Wrap.

Дејвис вели дека Џоли би можела да се „насочи“ на продукциската куќа на Пит „Plan B“, на чија Пит станал сопственик после разводот со глумицата Џенифер Анистон во 2001, а дека заедничкиот бизнис на производство на вино на францускиот имот „Chateau Miraval“ вреден 40 милиони долари, „ќе остане во живот“ и нема да се дели.

Што се однесува до старателството над децата, на кое Анџелина инсистира, „пресудата“ веројатно ќе биде во нејзина корист, со значителнa алиментација.

Според извештаите, личното богатство на Бред Пит се проценува на 240 милиони долари, додека богатството на Анџелина Џоли е 80 милиони долари помалку.