Како Коѕијас го искоментира исходот од гласањето во македонското Собрание?
Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2018
И грчкиот министер за надворешни работи во оставка, Никос Коѕијас е среќен од исходот во Македонија.
„Јас сум најсреќниот министер во оставка“, изјави Коѕиjас пред средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој ќе ја презеде неговата функција како шеф на грчката дипломатија.
Грчкиот премиер, изрази задоволство од развојот на настаните во земјава, откако се обезбеди двотретинско мнозинство за постапка за уставни измени.
По оставката на Коѕијас поради кавгата со коалицискиот партнер Панос Каменос, Ципрас одлучи да го води грчкото МНР, при што најави дека ќе се залага за целосно спроведување на Договорот од Преспа.