25 Април, 2024
0.0304

Како „Комунална хигиена“ врти милиони евра од наплата за одржување на чистотата во Скопје

Објавено во: Економија 17 Август, 2018

Добивај вести на Viber

5 милиони евра е сумата која „Комунална хигиена“  ја наплатила од скопските домаќинства за  одржувањето на чистотата, фрлањето на смет и другите активности ...

„Комунална хигиена“ за своите услуги за пола година наплатила 9,47 милиони евра, а од тоа скопските домаќинства платиле 5 милиони евра. Најголема расходна ставка се трошоците за вработени за кои се издвоени 3,72 милиони евра. Претпријатието за пола година е во добивка од 386.500 евра

Одржувањето на чистотата во Скопје чини 8,4 милиони евра за првите шест месеци годинава. За одржувањето на чистотата, фрлањето на смет и другите активности „Комунална хигиена“ наплатила 5 милиони евра од скопските домаќинства и уште 3,4 милиони евра од фирмите, пишува во полугодишниот извештај на ова јавно претпријатие формирано од Град Скопје кое има монопол врз одржувањето на градската чистота. „Комунална хигиена“ за половина година е во добивка од 386.500 евра

Што се наплаќа „Комунална хигиена“?

Скопскиот монопол за чистење за првите шест месеци за отстранување смет и чистење наплатил 8,4 милиони евра и тоа е за 42.600 евра повеќе од истиот период лани. Најголемите приходи се од домаќинствата и од фирмите во Скопје од кои наплатил 8,4 милиони евра. Од закуп на контејнери „Комунална хигиена“ лани наплатила 22.700 евра, а од услугите на стационарот за кучиња на Град Скопје му наплатила 34.500 евра. Во периодот од половина година претпријатието има останати приходи во износ од 946.700 евра со што вкупните приходи на ова претпријатие достигнале 9,52 милиони евра.

На што најмногу троши „Комунална хигиена“?

Расходите за вработените се најголема расходна ставка на „Комунална хигиена“. Претпријатието на своите над 1.000 вработени за плати и другтие трошоци им исплатило 3,72 милиони евра и тоа е 41 отсто од сите трошоци кои за првото полугодие изнесуваат 9,1 милиони евра. Просечната меечна нето исплатена плата по работни места во „Комунална хигиена“ за првата половина од годинава е 23.402 денари. Од ставките се гледа дека меѓу значајните трошоци се тие за материјали кои изнесувале 1,34 милиони евра, трошоците за суровини 0,8 милиони евра и останатите трошоци кои заедно прават 1,1 милиони евра.

Повеќе податоци од полугодишниот извештај може да прочитате на следниот линк 

http://www.khigiena.com.mk/stored/document/Fin%20izveshtaj%20za%20rabotenjeto%20na%20komunalna%2001%20do%2006%202018.pdf.



Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија