13 Февруари, 2025
0.0544

Како Ковачевски и новата Влада ќе одговорат на најголемите предизвици?

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Тешка енергетска криза, блокада од Бугарија и екстремни барања за промена на идентитетот, слаба економија и внатрешна корупција. Ова се главните предизвици кои веднаш ќе го „треснат" идниот премиер.

Мандатарот Ковачевски како претседател на СДСМ ги соопшти кадрите со кои ќе го формира новиот владин тим. Ги договори и имињата од коалиционите партнери и го поднесе предлогот за составот на новата Влада и програмата за работа во преостанатите две години од важечкиот мандат до Собранието.

Деновиве најмногу се коментираше за персоналните решенија на Ковачевски, а многу малку за неговите програмски идеи, цели и планови.

Ковачевски ќе биде премиер кој не дал ниту едно предизборно ветување, па затоа и граѓаните не знаат за што точно тој ќе се залага. Каков е неговиот став околу домашните проблеми и надворешната политика, како планира да го реформира правосудството, има ли „кохонес" за борба со криминалот и корупцијата?

„Колку што може да се разбере од неговите изјави приоритет ќе биде економијата. Зголемување на ефикасноста и одговорноста во сопствените редови, тоа ќе бидат главните приоритети на новиот мандатар како и справување со актуелните кризи во здравството и енергетиката“, вели за Фактор аналитичарот Алберт Муслиу.

Наследството на Заев: Јамка или благослов?

Како директно избран наследник од Заев и промовиран како прифатливо решение за поделените фракции во СДСМ, новиот премиер најпрво ќе мора добро да балансира меѓу заевистите, бранковистите, шекеринците и бучковистите во партијата.

Колку ќе бидат задоволени апетитите на кадрите блиски до нив, толку и ќе се посветат на задачите доделени од Ковачевски.

„Многу ќе зависи какво темпо ќе покажат кадрите кои тој ги предложи, но ефикасноста е прашање на менаџмент. Така и одговорноста за перформансите на Владата ќе биде негова. Внатрешната сплотеност на СДСМ секако ќе се рефлектира и на Владата. Но, Ковачевски има доволно од мандатот да покаже резултати“, смета Муслиу.

Но, надвор од меурот на Бихаќка, многу посериозни се прашањата на наследството на Заев, екс премиерот кој не ја врати правдата, туку овозможи селективност, во чие време експлодираше корупцијата и криминалот, концептот едно општество за сите колабираше, кога државата жртвуваше премногу, а не доби речиси ништо за возврат.

Ковачевски секако ќе има сопствена агенда и визија како најдобро да го искористи доделениот мандат и ќе има свои политики. Но, ќе биде соочен и со нерешените проблеми кои Заев ги таложење и создаваше лажна слика дека се решаваат, а тоа очигледно му се „скрши од глава" на последните избори и му ја запечати судбината.

Технократ или автократ

Засега стилот на Ковачевски се опишува како премиер-технократ кој ќе воведе проектно работење на тимот, а тој како главен менаџер ќе оценува кој ги исполнил зададените обврски.

Да потсетиме дека ист опис му се препишуваше и на азилантот Никола Груевски пред да стане премиер на Македонија. Па од технократ го прогласија за автократ.

Не велиме дека уште сега може да се погоди траекторијата на Ковачевски, но тој само со „технократски" потези нема да може да покаже за што се е способен, а тоа во рок од две години да биде доволно видливо како за партијата, така и за гласачите.

Можеби и самиот Ковачевски бил свесен за изборот како компромисно решение во битката на сдсмовските фракции, но неговите апетити нема да завршат како грејач на фотелја за некого.

Е, тој момент кога Ковачевски ќе ја преземе диригентската палка ќе знаеме конкретно со каков политичар си имаме работа.

Х. С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок