18 Април, 2024
0.0251

Како „Кроациа осигурување живот“ држи лекции?

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Приходите на најстарата компанија што осигурува живот во земјава, лани пораснале за 24 отсто, а профитот е зголемен за 20 отсто. Одличен резултат на „Кроациа“ во конкурентна средина. И важна порака дека општеството станува посвесно и дека се зголемува штедењето преку осигурување живот

„Кроациа осигурување – живот“ лани остварила нето приход од премија што е за 24 отсто повисок од приходот што го оствари претходната година, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија. Имено лани компанијата на нето основа од приход од премија инкасирала 12,5 милиони евра и тоа е за 2,4 милиони евра повеќе во споредба со 2017 година.

Овој резултат е значаен не само од корпоративен аспект. Резултатот има и општествена димензија заради тоа што укажува на важен факт, а тоа е дека расте свеста кај населението за штедење преку купување полиси од животно осигурување.

Лани „Кроациа –живот“ остварила добивка од 573.000 евра и тој резултат е за 20 отсто подобар од претходната година кога профитот бил за 94.000 евра понизок.

Значајно е да се истакне дека „Кроациа осигурување – живот“ лани имала расходи од работењето во износ од 13,58 милиони евра, а износот на бруто исплатени штети е 2,6 милиони евра. Нето трошоците на компанијата за спроведување на осигурувањето биле 3,28 милиони евра и се за 640.000 евра повисоки од претходната година.

Интересен е податокот дека компанијата лани имала приходи од вложувања во износ од 1,68 милиони евра од кои приход од камати е 1,49 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто