Како ли ќе пееше на 39 години - Тоше уште живее во срцата на фановите
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2020
Тоше Проески беше и остана најголема музичка ѕвезда од Македонија. За него и денес целиот Балкан пишува и зборува, а неговото име и дело се негуваат. „Усни на усни“, „Тајно моја“, „Чија си“, „Игри без граници“, „Боже чувај ја од зло“, како и сите останати хитови се уште се вртат по радио станиците ширум Балканот, пишува порталот Машки магазин.
Доколку беше жив, денес би наполнил 39 години, а прашањето кое ги копка сите негови обожаватели е „Како ли би пеел денес?“, бидејќи сите повеќе или помалку сме упати во неговите вокални способности. За неговиот краток живот успеа да отпее песни од повеќе жанрови, од Сариевски па се до Павароти.