Kaко луѓето во Венецуела се спасуваат од глад?
Објавено во: Свет 15 Јуни, 2019
Поради глад луѓето во Венецуела почнуваат да ловат и ретки животни со цел да се прехранат.
Длабоката економска криза се одразува и врз екосистемите на една од најбогатите со животински видови земја во Јужна Америка.
„Универзитетите и институтите или ги редуцираа своите истражувачки проекти или сосема ги прекинаа. Многумина научници се иселија“, вели за ДВ биологот Јураси Брицено од венецуелскиот истражувачки институт ИВИЦ.
Биологот Антонио Махадо-Алисон вели дека „од времето на почетоците на актуелниот режим, присутно е систематско разградување на институциите надлежни за заштита на природните ресурси и нивното испитување.“