25 Април, 2024
0.0753

Како Македонија не доби пари од Фондот за солидарност: ЕУ појаснува

Објавено во: Македонија 12 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Македонија не успеала да ги исполни поставените критериуми во моментот за апликација за парите од Европската Унија наменети за земјите, а од Фондот за солидарност, појаснија од Делегацијата на ЕУ во земјава синоќа за МИА. Објанувањето следуваше откако стана јасно дека земјава не е меѓи државите кои добиле од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Фондот за солидарност на ЕУ.

„ЕУ обезбеди одржлива помош за Северна Македонија во справување со Ковид-19 од почетокот на падемијата. Конкретно, обезбеди 226 милиони евра за покривање на медицински материјали и опрема, за поддршка на ранливите групи, бизнисите и невработените, како и за микрофинансиска помош“, велат од Длегацијата, потсетувајќи дека неодамна се обезбедени и 70 милиони евра за набавка на вакцини и поврзана опрема за регионот на Западен Балкан.

Претходно Европската комисија (ЕК) денеска објави дека ќе даде речиси 530 милиони евра како финансиска поддршка за 17 земји-членки на Унијата и 3 земји кандидатки со цел да ги покријат јавните трошоци за медицинска и лична заштитна опрема, превенција, поддршка на населението, следење и контрола на ширење на болеста. Меѓу нив не е Северна Македонија, а трите земји кои добија помош, а не се членки се Албанија, Црна Гора и Србија.

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров објасни дека за да добиеме помош како држава од ЕУ фондот за солидарност минималната вкупна сума на трошоците поврзани со здравствените аспекти на пандемијата требало да надмине 31 милиони евра за првите четири месеци на кризата.

„Нашите институции, сите заедно, пријавиле дека вкупно потрошиле под 8 милиони евра, со што не сме го исполниле условот за помош преку овој механизам. Рокот за аплицирање бил на 24 јуни минатата година“, напиша Димитров на фејсбук.

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) објанија дека Македонија не доби пари од ЕУ зашто не направи доволно расходи

Информацијата дека земјава може да се аплицира е разгледана и усвоена на седница на Влада на 12 декември 2020 година, по што се прибрале податоците за итните трошоци настанати на централно и локално ниво. Но, по обработката на собраните податоци од институциите и општините и, како и на податоците за склучените договори поврзани со ковид-19 од Бирото за јавни набавки власта констатирала дека не го исполнила условот кој го поставила Унијата односно не биле направени доволно расходи во првите четири месеци од пандемијата.

„Имено, поддршката од ФСЕУ беше условена со оптоварување врз јавните финансии со минимален праг од 1,5 милијарди евра (цени од 2011 год.) или 0,3% од бруто националниот доход (БНД) на потенцијалната земја-апликант. Во апсолутни бројки, во случајот на Република Северна Македонија овој праг изнесуваше 30 852 000 евра и истиот не беше достигнат, со оглед на тоа дека износот на пријавените итни трошоци од институции/општини изнесуваше 7 670 831 евра. За финансиска поддршка преку ФСЕУ се квалификуваа расходи во здравствениот сектор настанати или предвидени да настанат во период од 4 месеци, сметано од датумот кога земјата којашто аплицира официјално вовела одредени заштитни мерки или пак прогласила вонредна состојба. Референтен период во оваа смисла за земјата беше периодот 10.03. – 09.07.2020 година“,објаснуваат од СЕП.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, ја обвини власта за недобиената помош.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг