18 Април, 2024
0.0264

Како „меси“ скопски „Жито Лукс“?

Објавено во: Економија 16 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во услови кога компанијата одржува приходи од продажба и бележи раст на продажба на домашен пазар и на трошоци, клуч за зголемената квартална добивка се останатите оперативни приходи кои во вториот квартал се за над 200.000 евра поголеми од првото полугодие. Многу е значајно тоа што компанијата ги намали за расходите за камати за 72.000 евра односно за 26 отсто

Најголемата скопска компанија за леб и пецива „Жито Лукс“ имаше солиден квартал, нејзината добивка во периодот април – јуни порасна за 8 пати во однос на првиот квартал оваа година, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на оваа компанија. 

За првите шест месеци „Жито Лукс“ има добивка од 88.640 евра и таа е за 78.000 евра поголема во споредба со добивката што компанијата ја оствари во првите три месеци годинава која изенсуваше малку над 10.000 евра.

„Жито Лукс“ во првите шест месеци годинава оствари приходи од продажба во износ од 8,46 милиони евра и тие се на исто ниво како и продажбата остварена истиот период лани. Домашниот пазар конзумира најголем дел од производството на оваа компанија. За првите шест месеци на домашниот пазар продажбата е 8,21 милиони евра и бележи раст од 1 отсто во споредба со лани. Извозот на „Жито Лукс“ е околу четврт милион евра и во споредба со истиот период лани книжи пад од 33 отсто. Од резултатите е очигледно дека менаџментот на компанијата се фокусира на домашниот пазар, а резултатот е четврт милион евра поголема продажба. Тоа е индикатор дека зголемената палета производи на компанијата придружена со константна нивна промоција ги зголемува приходите од продажба.

Трошоците за производство изнесуваат 5,84 милиони евра за првите шест месеци и се поголеми за 200.000 евра во услови на исто ниво на приходи од продажба, а бруто добивката е 2,6 милиони евра и е пониска за 7 отсто од истиот период лани.

Оперативната добивка за шест месеци надмина 300.000 евра и таа е за 41.400 евра пониска од истиот период лани. Во периодот април-јуни оперативната добивка е за 170.000 евра повисока благодарејќи на зголемениот прилив од ставката останати оперативни приходи.

По одбивањето на финансиските расходи кои изнесуваат 210.000 евра за шест месеци компанијата има нето добивка од 88.640 евра што во споредба со лани е резултат подобар за 22 отсто, а во однос на првиот квартал добивката е поголема за околу 78.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи