20 Април, 2024
0.0301

Како најстарата македонска автомобилска компанија се справи со короната?

Објавено во: Економија 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Голем успех е во услови на намалена побарувачка компанија што тргува со автомобили и авто делови да заврши со добивка. „Ауто Македонија“ лани ги задржала приходите од продажба на речиси исто ниво како и во 2020 година, а ја зголемила оперативната добивка за 10 отсто. Лани нето добивката изнесува 65.000 евра и тоа е за 21 отсто послаб резултат од 2019 година

Минатата година беше голем предизвик на многу светски индустрии, а по туристичките, хотелиерските и угостителските компании меѓу најпогодените беа продавачите на нови автомобили ширум светот. Кризата се одрази и кај нас, но најстарата домашна компанија за трговија со возила и делови „Ауто Македонија“ лани успеа да ги одржи приходите од продажба на ниво како од 2020 година. А во услови на светска пандемија која ја зголеми неизвесноста и воздржаноста кај купувачите тоа е сосема солиден резултат.

Оперативните приходи на друштвото, од неконсолидираниот биланс на успех, покажуваат дека продажбата паднала за само 4 отсто и лани изнесува 8 милиони евра. Вкупните оперативни приходи лани биле 8,19 милиони евра и тие се за 4 отсто пониски од поретходната година.
Оперативните расходи на компанијата лани исто така биле во намалување и тоа за идентични 4 отсто. Вкупно 8,08 милиони евра. Најголема трошковна ставка се трошоците за набавка на трговски стоки за што друштвото платило 5,82 милиони евра што е за 6 отсто помалку од претходната година. Трошоците за вработени лани биле 771.000 евра што е за 7 отсто повеќе од 2019 година. Најголем процентуален раст кај расходните ставки има кај останатите трошоци од работење и за нив се платени 335.000 евра што е за 44 отсто повеќе од 2019 година. Заради падот, пред се на трошокот за набавка на трговски стоки компанијата лани остварила за 10 отсто повисока оперативна добивка од 2019 година. Лани таа изнесувала 110.000 евра. Тоа е 1,4 отсто од приходите од продажба.

Друштвото лани има диспаритет меѓу финансиските приходи и финансиските расходи. Расходите се поголеми за 20.000 евра од финансиските приходи.

Нето добивката на „Ауто Македонија“ лани е 65.000 евра и бележи пад во споредба со претодната година од 21 отсто.

Од билансот на состојба позначајно е да се истакне е тоа што обврските на друштвото лани пораснале за 22 отсто и на крај на 2020 година изнесувале 5,9 милиони евра. Подетално објаснување за финанските резултати и податоците од билансите на успех и на состојба може да се најдат на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=53910

Што работи „Аутомакедонија“

„Кор бизнис“ на компанијата со децении наназад е продажбата на нови патнички, товарни возила и автобуси како и сервисирање на возила во нивните високопрофесионални сервисни центри. Од авотмобилските корпорации „Аутомакедонија“ на нашиот пазар ги претставува возилата од гамите на „Опел“, „СангЈонг“, „Исузу“ и „Пјаџо“.

„Аутомакедонија“ ја проширува својата дејност и преку фирми ќерки нуди услуги за технички прегледи на возила преку друштвото „АМ ЦЕРТ“, продава полиси за осигурување преку „АМ Брокер“ има рентакар компанија „„Ауто1 Рент“ и располага со сообраќаен испитен центар СИЦ АМ Битола за територијата на оптшините Битола и Прилеп.


Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?