22 Август, 2019
0.0183

Како нашиот државен долг надмина 100 милијарди денари?

Објавено во: Финансии 14 Август, 2019

Намалувањето на државниот долг од оваа перспектива се покажа како илузија. Бројките се спротивни на заложбите дека повеќе ќе враќаме одошто се задолжуваме. Очигледно е дека долгот се преструктуира од краторочен во долгорочен. За 13 месеци вкупниот државен долг во обврзници и записи се зголемен за 110 милиони евра и на почеток на август надмина 100 милијарди денари.

Државниот долг, изразен во хартии од вредност, надмина 100 милијарди денари, покажуваат официјалните податоци што редовно на својата веб страница ги објавува Министерството за финансии.

Најновата состојба на државниот долг, државни обврзници и записи, е од четврток 7 август. Во структурата на долгот има 12 месечни записи и обврзници со рок на отплата од 2,3,5, 10, 15 и 30 години. Ова се финансиски инструменти со кои Министерството за финансии, по овластување од Владата, се задолжува на домашниот пазар на пари и најголеми заемодавци се домашните деловни банки.

Состојбата на 7 август е 101,5 милијарди денари односно вкупно 1,65 милијарди евра. За споредба, лани кон крајот на јуни состојбата со државниот долг изразен во обврзници и записи била 1,54 милијарди евра. Ова значи дека во период од 13 месеци државниот долг пораснал за 110 милиони евра.

Каква е структурата на државниот долг?

Од достапните податоци се гледа дека има 7 финансиски инструменти со кои се задолжило Министерството за финансии. Од нив 6 се обврзници со рочност од 2 до 30 години отплата и еден инструмент е државни записи со рок на оптлата од 12 месеци. 
Најголеми износи на задолжување се концентрирани во два инструменти и тоа 15 годишни обврзници и во 12 месечни државни записи. Обврзницата со рок на отплата на 15 година е најзастапен инструмент во структурата на обврзници со износ од 520,5 милиони евра. Првата транша за отплата доспева во 2030 година. Другите пет обврзници заедно имаат помал износ од 15 годишната обврзница. Од лани до сега силно е изразен трендот на задолжување со 30 годишна обврзница. Таа достигнала вредност од 102 ,4 милиони евра, а првата транша за враќање на основица доспева во 2048 година.

Десетгодишната обврзница е на износ од 138 милиони евра, а првата за наплата достасува во 2024 година. Обврзниците со рок на отплата од пет и од три години доаѓаат заедно вредат 128 милиони евра.

Најголема ставка според вредноста е 12 месечната обврзница и по тој основ долгот е 539 милиони евра со пресек на 7 август годинава.


Можеби ќе ве интересира

Најевтините хотели со 5 ѕвезди низ целиот свет

Најевтините хотели со 5 ѕвезди низ целиот свет

Колку изнесува просечната плата во Хрватска?

Колку изнесува просечната плата во Хрватска?

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

На што да внимавате кога барате работа во странство?

На што да внимавате кога барате работа во странство?

Каква „магија“ направи Андреја?

Каква „магија“ направи Андреја?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?

Кој е градот со најголемата економска нееднаквост?

Кој е градот со најголемата економска нееднаквост?

Колку заработува најбогатото семејство во светот секоја минута?

Колку заработува најбогатото семејство во светот секоја минута?