КАКО НОРВЕЖАНИТЕ ГО ПРОСЛАВИЈА УКИНУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ: Стотици илјади на журки, но и со масовни тепачки и апсења
Објавено во: Свет 26 Септември, 2021
Норвежаните го
прославија крајот на мерките против ширењето на корона вирусот со неколку
викенд забави: ноќните клубови и пабови беа полни, и на многу места атмосферата
беше дива.
Во градот Трондхајм, на неколку луѓе им беше потребна медицинска помош бидејќи се онесвестија додека чекаа во долги редици. Неколку градови пријавија тепачки, повреди и апсења, објави во неделата јавната телевизија НРК.
„Имаше прекршоци, насилни инциденти и тепачки“, рече Руне Хекелстранд од полицијата во Осло.
Насилни инциденти
Неколку луѓе беа уапсени за поседување оружје, а некои беа тешко повредени. Во градот Тонсберг, јужно од главниот град, изби масовна тепачка во пристаништето, а во југозападниот регион Агдер, вкупно 12 лица беа уапсени за немирите.
Норвешка во саботата ги укина рестриктивните анти-ковид мерки. Меѓу другото, правилата за физичка дистанца повеќе не се применуваат, а ограничувањата за бројот на учесници на настани и собири се отфрлени.
Останува само барање за карантин во случај на инфекција. Ограничувањата за влез исто така се повлекуваат постепено. Во споредба со другите земји, Норвешка направи релативно добро помина во пандемијата.
ФОТО: Yahoo News