25 Април, 2024
0.0265

Како патникот да стане турист?

Објавено во: Стил 18 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Над 25 милиони странци годишно влегуваат во Србија, а како туристи се задржуваат само 1.6 милиони. 

Точно 25.049.567 странци лани поминале низ земјата, а 15 милиони возила застанале да полнат гориво или да пијат кафе долж автопатот. 

Сепак, мал број од нив се задржале како туристи или само 6.6% од вкупниот број странски посетители. 

Александар Денда од Министерството за туризам, вели дека не треба да им се покаже каде е патот на туристите, туку да им се даде информација што можат да видат. 

Направена е апликација на англиски јазик, но ќе мора истата да се направи и на турски, романски, германски јазик за туристите. 

Денда вели дека барем пет милиони туристи Турци застануваат со автомобилите за да „дремнат“, а во Европа полицијата таквите туристи ги праќа во мотел. 

Додава дека кога ќе осмислат туристички производ, истото ќе го прават и во Србија. 

Туризмот во последните години доживува процут, а раст има во сите сектори. Сепак, се наведува дека треба да се вложат пари во хотели, мотели, планинарски домови и слично. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти