20 Април, 2024
0.0577

Како профитот на „Тетекс“ порасна 50 отсто?

Објавено во: Економија 13 Август, 2019

Добивај вести на Viber

„Тетекс“ е најдобар пример за успешна транзиција во корпоративнo-дивидендна смисла на зборот. Некогаш една од трите најсилни македонски компании успеа да се реорганизира во успешна пазарна компанија која опстојува од вложувањата и која води дивидендна политика за пример. За првите шест месеци годинава иако има пад на приходите од продажба за 12 отсто, благодарејќи на дивидендите нејзината добивка е поголема за 50 отсто

Најпознатиот македонски текстилен комбинат „Тетекс“ продолжува да ги радува своите акционери. Иако за првите шест месеци годинава компанијата бележи пад на приходите за 12 отсто во споредба со лани, сепак добивката на компанијата е поголема за 50 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците од билансите достапни на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Клучот на успехот на најголемиот текстилен бренд и некогашен гигант лежи во „златната кокошка“ – ТТК Банка во која најголем акционер е „Тетекс“, а неговите приходите се од дивидендата што компанијата ја добива од своите акции во друштвата.

Од дејноста, според консолидираниот биланс на успех, оваа компанија за првите шест месеци има приход од 1,33 милиони евра, а половина о нив се од домашен пазар, а другото е од увоз. Оперативните расходи се 1,72 милиони евра, а оперативната загуба е само 54.500 евра благодарејќи на состојбата со залихите.

Но превратот го прават финансиските приходи на компанијата. Имено од дивиденди „Тетекс“ од своите друштва од ланската добивка, во првото полугодие, инкасирал околу 740.000 евра од дивиденди. Најголем дел од тие приходи се од дивидендата од неговите акции во ТТК Банка кои изнесуваат околу 644.000 евра.

Нето добивката на друштвото, благодарејќи на приходите од дивиденди, за првите шест месеци е околу 420.000 евра и тоа е за 50 отсто подобар резултат во споредба со истиот период лани.

Само да потсетиме дека „Тетекс“ годинава исплати по 141 денар бруто дивиденда на своите акционери што е вкупен исплатен износ од околу 950.000 евра. Оваа компанија има повеќе од 1.150 акционери – домашни физички лица и кај нив завршиле над 850.000 евра од исплатената дивиденда. Најголем поединечен акционер е успешниот стопанственик Глигорие Гоговски, долгогодишен прв човек на „Тетекс“ и последен претседател на Владата на Социјалистичка Република Македонија.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите