19 Август, 2019
0.0312

Како работеа бизнисите на Трифун Костовски лани?

Објавено во: Економија 15 Јули, 2019

Најголемите финансиски бизниси на Трифун Костовски во Македонија лани сработиле половично, односно може да се каже дека „Еуролинк осигурување“ расте на осигурителниот пазар, додека „Еуростандард банка“ оствари загуба во 2018.

Костовски двете финансиски компании ги остави на управување на своите две деца. Неговиот син Коста е претседател на Надзорниот одбор на „Еуростандард банка“, а неговата ќерка Олга управува со „Еуролинк осигурување“ една од најголемите и најуспешни осигурителни компании присутни на нашиот пазар.

„Еуролинк осигурување“ го прошири своето работење, ја зголемува и зајакнува пазарната позиција и успешно се справува со големата конкуренција во осигурителниот бизнис. Има добивка од 695.000 евра и тоа е резултат што е за 580.000 евра подобар од резултатот остварен во 2017 година. Компанијата оствари нето приходи од 13,7 милиони евра, 1,7 милиони повеќе од лани.

Од друга страна, „Еуростандард банка“ лани годината ја заврши со загуба од 6,33 милиони евра и намалено учество по основ на нето приходи од камати. Приходите од камати лани изнесувале 4 милиони евра и тие се за 745.000 евра пониски од претходната година. Видлива е намалената кредитната активност во однос на 2017 година. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈМАЛКУ 17 ДРЖАВИ ДОЛЖАТ НА РУСИЈА: Кои се најдоа во топ три?

НАЈМАЛКУ 17 ДРЖАВИ ДОЛЖАТ НА РУСИЈА: Кои се најдоа во топ три?

Бензините не поскапеа, цената на дизелот скокна

Бензините не поскапеа, цената на дизелот скокна

По новите услови голем интерес за „Купи куќа, купи стан“

По новите услови голем интерес за „Купи куќа, купи стан“

Како „Макпетрол“ ја зголеми продажбата, а ја намали добивката?

Како „Макпетрол“ ја зголеми продажбата, а ја намали добивката?

Денес ќе се одлучува: Што по царинските забрани од Косово?

Денес ќе се одлучува: Што по царинските забрани од Косово?

ГЕРМАНИЈА БАРА ЕКСПЕРТИ: „По новиот закон граѓаните на Западен Балкан се привилегирани“

ГЕРМАНИЈА БАРА ЕКСПЕРТИ: „По новиот закон граѓаните на Западен Балкан се привилегирани“

Од септември повисоки плати за вработените во образованието

Од септември повисоки плати за вработените во образованието

ЗАРАБОТИЈА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како руски компании ќарија на американски санкции кон Иран и Венецуела

ЗАРАБОТИЈА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како руски компании ќарија на американски санкции кон Иран и Венецуела

ГЕРМАНЦИТЕ ДАДОА ТОЧНА ПРЕСМЕТКА: Еве колкава месечна плата ве прави богат човек

ГЕРМАНЦИТЕ ДАДОА ТОЧНА ПРЕСМЕТКА: Еве колкава месечна плата ве прави богат човек