25 Април, 2024
0.0329

Како работи државната фирма што ги има македонските аеродроми?

Објавено во: Економија 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Сите приходи од продажба т.е. закуп и рента што ги имала лани стигаат за плати само за 4 месеци на вработените во АД „Аеродроми на Македонија“. Од камати фирмата лани имала приход од околу 150.000 евра и тие е 3 пати поголеми од приходите од продажба

АД „Аеродроми на Македонија“ остварила неполни 50.000 евра приходи од рента на деловен простор и од наем на системите за сигнализација на аеродромските писти, а инкасирала околу 150.000 евра од камати на орочени средства и државни записи, покажуваат финансиските извештаи на независната ревизија за 2016 година. Лани оваа државна компанија, чиј основен бизнис е да издава најголем дел од својот имот и средства на турската компанија ТАВ, годината ја завршила со загуба од работењето која надминува 2 милиони евра и тоа во најголема мерка заради амортацијата на нејзините материјални и нематеријални средства.

Трошокот за вработени е речиси три пати поголем од приходот од продажба!

Иако не паѓа во очи сепак многу е важно да се истакне дека сите приходи што компанијата „Аеродроми на Македонија“ ги има од издавање на деловен простор и системот за сигнализација ни од далеку не е доволен само да ги покрие платите на вработените во таа фирма. Без коменар ќе ги споредиме бројките: вкупните приходи од продажба изнесуваат 2,9 милиони денари ( при што 2,48 милиони денари се од закуп на деловен простор, а 0,4 милиони денари се од рента на системот за сигнализација на ародромските писти). На другата страна трошокот само за вработените е 8,76 милиони денари, а за другите две клучни ставки од оперативно работење: услуги со карактер на материјални трошоци и останати трошоци фирмата троши уште 5,2 милиони денари во минатата година.

Во билансот на успех на приходната страна компанијата книжи приходи од камати во износ од 13,74 милиони денари и тоа во суштина го покрива минусот од оперативното работење на компанијата.

Главен генератор на загубата за лани исто како и за 2015 година е амортизацијата на материјални и нематеријални средства која изнесува над 260 милиони денари за двете години односно 4,22 милиони евра. Од билансот на состојба евидентно е дека оваа државна компанија има вкупна загуба од 14,6 милиони евра.

Важно е за се истакне и тоа дека независната ревизија изразила мислење со резерва заради тоа што извештаите за 2014 и за 2015 година не биле ревидирани и заради тоа тие не можат да утврдат дали се потребни корекции во однос на искажаната загуба во билансот на успех и во нето паричните средства од оперативни активности.

Целиот извештај на ревизорите можете да го најдете на сајтот на Македонската берза на следниот линк http://www.mse.mk/mk/announcement/7/9/2017/aerodromi-na-makedonija-ad-skopje/financial-data-and-dividends

Во меѓувреме компанијата доби нови органи на управување, а новите членови на управниот одбор се: Виктор Петрушевски претседател, Мирјана Ќорвезироска – Димоска и Лидија Чоклевска.  


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?