25 Април, 2024
0.0360

Како се приведени пратениците кои имаат имунитет и може ли да одат во притвор?

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Во денешната акција на МВР, а по налог на Јавното обвинителство на Република Македонија, меѓу приведените има и неколку пратеници. Прашањето кое ја интересира јавноста е врз кој основ пратениците се приведени бидејќи истите уживаат материјален иминутет. Според правните норми треба да се објасни дека пратениците не се ослободени од било каква одговорност за сторени кривични дела и тие се еднакви пред законот. 

Нивната заштита е кога се постапува за притворање. Поточно, пратеник на Собранието на Република Македонија не може да биде притворен доколку не е затечен во вршење на кривично дело за кое е предвидено казна помала од пет години, а може да биде приведен врз основа на наредба на Јавен обвинител. 

Во новиот случај кој го покрена ЈОРМ истрагата се базира на основи за сомнение за сторено кривично дело Терориристичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за што е пропишана минимална затворска казна од 10 години. 

Следна е постапката за утврдување на притвор каде пратениците исто така уживаат одреден степен на заштита од самоволно притворање под притисок на властите. Процедуралниот имунитет значи неможност пратеникот да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. 

Во првиот случај, надлежниот орган поднесува барање до претседателот на Собранието за одобрување притвор на пратеник. Во вториот случај, надлежниот орган го известува претседателот на Собранието дека пратеникот е притворен затоа што е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. 

Надлежниот орган го известува претседателот на Собранието за притворот на пратеникот дури и кога тој не се повикал на својот имунитет. 

Претседателот на Собранието, барањето за одобрување притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. За седницата на Комисијата се известува и пратеникот на кој се однесува барањето. 

Врз основа на извештајот на Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена одлучува дали ќе даде одобрение за притвор на пратеникот. Ако Собранието не одобри притвор, пратеникот ќе биде веднаш пуштен на слобода, дури и ако пратеникот не се повикал на имунитет.

Претседател на оваа комисија во овој состав на Парламентот е пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, негов заменик е партискиот колега, Петар Атанасов, а членови Мирослав Јовановиќ, Александар Кирацовски, Сашко Костов, Агим Шаќири, Трајко Вељаноски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски и Борис Змејковски. Заменици членови се Горан Мисовски, Хари Локвенец, Сашко Атанасов, Мирсада Емини – Асани, Владимир Ѓорчев, Невенка Стаменковска, Никола Попоски и Зоран Ѓорѓиевски.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот