19 Март, 2024
0.0261

Како сестрата му држи менаџерска лекција на братот?

Објавено во: Економија 15 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Сестрата Олга лани била многу поуспешна од братот Коки во управување на семејните финансиски компании, покажуваат финансиските резултати на „Еуролинк осигурување“ и на „Еуростандард банка“. Осигурителниот бизнис расте и остварува значајна добивка од работењето, а банката има загуба од 6,3 милиони евра

„Еуролинк осигурување“ и „Еуростандард банка“ – две финансиски компании, поседувани и управувани од членови на семејството на познатиот бизнисмен Трифун Костовски. Тој, како и други успешни бизнисмени, своите капитали ги оставил на управување на своите две деца. Неговиот син Коста е претседател на Надзорниот одбор на „Еуростандард банка“, а неговата ќерка Олга управува со „Еуролинк осигурување“ една од најголемите и најуспешни осигурителни компании присутни на нашиот пазар.

Каков е резултатот на сестрата?

„Еуролинк осигурување“ зад себе има исклучително успешна деловна година. Компанијата го прошири своето работење, ја зголемува и зајакнува пазарната позиција и успешно се справува со големата конкуренција во осигурителниот бизнис. „Еуролинк“ 2018 година ја заврши со добивка од 695.000 евра и тоа е резултат што е за 580.000 евра подобар од резултатот остварен во 2017 година. Компанијата успеала да ги зголеми своите нето приходи од премија за 1,74 милиони евра лани и стигнала со износ на нето приходи од 13,7 милиони евра лани. При тоа остварила и приход од камати од 306.600 евра и приходи од капитална добивка од 70.000 евра. Лани „Еуролинк“ исплатил бруто штети во износ од 5,78 милиони евра и тоа е за половина милион евра повеќе од 2017 година. За работењето лани нето трошоците за спроведување на осигурувањето изнесуваат 6,2 милиони евра и се поголеми за 221.000 евра во однос на 2017 година.

Што направи братот?

„Еуростандард банка“ лани годината ја заврши со загуба од 6,33 милиони евра. Банката има намалено пазарно учество по основ на нето приходи од камати, има многу голем раст на резервациите за кредитни пласмани во услови кога се намалени кредитните пласмани, а бележи голем раст на депозитите. Нето приходите од камати лани изнесувале 4 милиони евра и тие се за 745.000 евра пониски од претходната година. Нето износот од провизии и надоместоци бил 2,76 милиони евра и е за 71.000 евра повисок од претходната година. Исклучително е голем износот на резервирани средства – 6,5 милиони евра и е за 2,4 пати повисок од 2017 година. Банката лани има и трошок на име загуба заради оштетени нефинансиски средства во износ од 1,2 милиони евра. Кај билансот на состојба видлива е намалена кредитната активност во однос на 2017 година. Нивото на кредити е 109,1 милиони евра, а претходно биле повисоки за 1,7 милиони евра. Најголем раст има кај депозитната база. Таа лани пораснала за 27,8 милиони евра до ниво од 178,2 милиони евра.
Банката лани во конкуренција на 15 банка била на 9 место од аспект на вкупните средства. Кај кредитирањето, лани, пазарното учество и било 2,3 отсто што е намалување од 0,1 отсто во однос на учеството во целиот пазар. Значајно е истакнато учеството на банката во корпоративното кредитирање во однос на кредитирањето граѓани. Кај кредитирањето правни лица учеството на вкупниот пазар е 3,4 отсто, а кај граѓанството е само 1,2 отсто.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Љупчо Николовски: 30 милиони евра од извоз на зелка

Љупчо Николовски: 30 милиони евра од извоз на зелка

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА - се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА - се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?