24 Април, 2024
0.0285

Како „штанца“ ФЗЦ Куманово?

Објавено во: Економија 31 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

ФЗЦ за 90 дена книжи приходи од продажба од речиси 7 милиони евра, што е 55 отсто повеќе од истиот период лани. Со тие приходи успева да ги стигне оперативните расходи кои изнесуваат 416,4 милиони денари, а заради дебалансот меѓу финансиските приходи и расходи прави загуба помала од 2 милиони денари

Единствената домашна компанија за заварени цевки и профили ФЗЦ Куманово во првите три месеци годинава остварила приходи од продажба во износ од 415,5 милиони денари односно безмалку 7 милиони евра за 90 дена. Во споредба со лани оваа година продажбата на ФЗЦ пораснала за 55 отсто односно за 149,4 милиони денари. 

Убедлив раст има кај извозот, а во првите три месеци ФЗЦ извезол стоки вредни 5,5 милиони евра односно 333,8 милиони денари. Во споредба со лани извозот во првиот квартал годинава пораснал за 124 милиони денари. Важен, но не многу голем, раст има и на домашниот пазар што веројатно е за потребите на новиот магистрален гасовод. Имено реализацијата за 90 дена е над 81 милиони денари или 25 милиони денари повеќе од истиот период лани. Кај залихите речиси и да нема зголемување во однос на тоа колку била нивната вредност на почетокот на годинава, а колкава е на крајот на март. 

Оперативните расходи на ФЗЦ се за нијанса односно за 1 милион денари поголеми од неговите приходи од продажба. Расходите изнесуваат 416,4 милиони денари и во споредба со лани пораснале за 30 милиони денари. Само за споредба во истиот период приходите од продажба во однос на лани пораснале за 149 милиони денари. 

Оперативно, ФЗЦ со овој зголемен обем на продажба успеал во првите три месеци да извади „позитивна нула“. Оперативната добивка е 3,7 милиони денари и во споредба со лани, кога приходот бил помал и залихата значајно поголема, добивката бележи пад од 86 отсто. 

Заради финансиските расходи, кои иако снижено во однос на лани за 19 отсто, сепак се двојно повисоки од финансиските приходи, компанијата првиот квартал го заврши со загуба од неполни 2 милиони денари.   

Кумановските компании „Квалитет Пром“ и „Рапид Билд“ заедно контролираат 59,5 отсто од акциите со право на глас во кумановската компанија.

Како лани работеше ФЗЦ?

Кумановската фабрика за цевки (ФЗЦ) лани ги зголеми приходите од продажба за 109 милиони денари, но расходите пораснале за безмалку 400 милиони денари.

Како резултат на зголемените оперативни расходи оваа голема производствена компанија лани имала оперативна добивка од 76,4 милиони денари која по намалувањето за трошокот за платени камати е сведена на 34 милиони денари. Во споредба со крајот на 2016 година нето добивката на ФЗЦ паднала за речиси 5 пати односно 126,55 милиони денари. Тоа е пад од 77 отсто во однос на добивката остварена во 2016 година.

Светла точка продажбата од извоз

Кумановската компанија значајно ги зголемила своите приходи во извоз лани во споредба со 2016 година. Тие лани се поголеми за 85 отсто односно за речиси 630 милиони денари односно за 10 милиони евра. Неговите приходи од продажба надвор од земјава достигнаа 1,366 милијарди денари. Наспроти тоа огромен пад на приходите од продажба на домашниот пазар. Тие колабираа затоа што од 747,8 милиони денари се намали на 258,2 милиони денари. Тоа е намалување за безмалку 500 милиони денари односно за 65 отсто. Кога се знае дека најголем домашен проект е државниот гасоводен систем се добива појасна претстава на што се резултат овие намалени приходи.

Залихите на ФЗЦ на крај на ланската година биле 764,4 милиони денари и се зголемени за 50 отсто во однос на крајот на 2016 година. Во однос пак на залихите од почетокот на 2017 година до крајот на ланската година тие пораснале за околу 250 милиони денари.

Оперативните расходи на компанијата во најголема мерка се состоеле од трошоци за суровини и други материјали кои се на износ од 1,366 милијарди денари. Тие се зголемени за 31 отсто. Втора по големина расходна ставка се трошоците за вработени и тие изнесуваат 227,1 милиони денари и бележат раст за 6 отсто. Обврските на ФЗЦ лани се зголемени за речиси 300 милиони денари односно за 27 отсто и на крај на 2017 година изнесуваат 1,411 милијарди денари. Компанијата речиси и нема долгорочни обврски затоа што тие изнесуваат само 35 милиони денари. Кај краткорочните обврски значајни растови бележат краткорочните кредити и обврските спрема добавувачите.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади