Како швајцарскиот франк се искачи на максимумот во последните две години
Објавено во: Економија 05 Јуни, 2019
Швајцарската валута во последните две години порасна на највисоко ниво во скоро две години.
На оваа валутна промена влијаел американскиот претседател Доналд Трамп, кога зазеде уште потврд став за трговијата кон другите земји посебно кон Кина, што ги навело инвеститорите да инвестираат во сигурни валути.
Како што пренесоа светските медиуми, швајцарскиот франк скокнал спрема еврото за повеќе од половина процент, на 1,1120 франци, на највисоко ниво од јули 2017, за потоа да се лизне најниско и го заклучи тргувањето со добивка од 0,2 проценти на дневно ниво.