Како скопска „Стопанска банка“ прави 10 милиони евра ќар на тромесечје?

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2017 07:31
Добивката ќе била и значајно поголема ако не биле 4,5 милиони евра кои банката ги впишала во резервации за кредити со неизвесна наплата што веројатно во значајна мерка е резултат на предстејачната позиција во која е големиот клиент „Фени Индустри“
„Стопанска банка Скопје„ за првите девет месеци има добивка од 30 милиони евра односно 1,88 милијарди денаришто претставува минимален раст во споредба со истиот период лани. Просечно по квартал оваа голема македонска банка прави профит од 10 милиони евра на секое тромесечје годинава.
Нето приходи од камати се 15 милиони евра по квартал!
Банката во првите девет месеци има нето приходи од камата кои изнесуваат 2,766 милијарди денари односно 44,83 милиони евра и тие се за 84,7 милиони денари односно 1,37 милиони евра во однос на истиот период лани. Просечниот квартален приход од камати на нето основа изнесува 15 милиони евра.
Банката годинава, како и другите банки, играла на адутот на значајно намалување на расходите за камати. Тие за првите девет месеци годинава изнесуваат 575,1 милиони денари и во однос на лани се пониски за 108,8 милиони денари. Само за споредба, приходите од камати изнесуват 3,34 милијарди денари за првите девет месеци и се пониски за 24 милиони денари што е помалку од 1 отсто. Во истиот период банката ги намалува своите расходи за камати за 16 отсто односно за 108,8 милиони денари што пак како апсолутна вредност е 4 пати повеќе од намалените приходи од камати..
Дали „Фени“ ги зголеми резервациите?
Податоците за таа банка кои се јавно објавени покажуваат дека резервациите се значајно зголемени во првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. Тие на крај на септември достигнале вредност од 566,5 милиони денари и се за 3 милиони евра односно за 189,1 милиони денари поголеми од истиот период лани. Ако се споредат достапните податоци се гледа дека во третиот квартал износот на резервирани средства е значајно поголем во однос на просекот на првите две тромесечја. Во периодот јули-септември резервациите се 265 милиони денари (околу 4,5 милиони евра), а во првите два квартали просекот е 152 милиони денари. Многу е веројатно дека растот на резервациите е заради аранжманот на банката со „Фени Индустри“ компанија за која оваа банка е еден од покренувачите на пред-стечајна постапка.
Доколку не биле толку зголемени резервациите на последиот квартал банката ќе имала значително поголема добивка за првите девет месеци годинава.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО СТАРМЕР Е ИСТОРИСКИ: Ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра

ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА: Вучиќ вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО ПРЕДЛОЖИ КАНДИДАТОТ ЗА ГУВЕРНЕР: Што доколку во рокот не се избере прв човек на Народната банка?

БОЛИ ГЛАВА: Новиот функционер Богојески има криптовалути од над милион евра

НАБРЗО ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ КАКО ЌЕ СЕ ГРАДИ ЧЕБРЕН: Божиноска вели при крај се со пресметките

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?
„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра
